7 чудни паранормални искуства кои секој ги има искусено и нивното значење

7 чудни паранормални искуства кои секој ги има искусено и нивното значење

Речиси на секој човек му се има случено барем едно нешто што не може да го објасни. Можеби станува збор за случајност која не изгледа како случајност, или пак момент кој нема реално, па дури и рационално објаснување. Она што им е заедничко на овие необјасниви нешта се силните емоции кои ги предизвикуваат.

7 чудни паранормални искуства кои секој ги има искусено и нивното значење

Повеќето натприродни феномени можат да се опишат со нешто што е наречено антропоморфизам. На овој начин луѓето им ги припишуваат случајните, хаотични настани на нешто невидливо и натприродно. Ова помага да се добие смисла за нештата и да се преземе поголема контрола во непредвидлив свет. Следниве 7 паранормални искуства им се имаат случено на многумина. Ако и вие спаѓате во оваа група, прочитајте нешто повеќе за нивното вистинско значење.

1. Зборување со видовита личност која детално предвидела животен настан

Што навистина значи?

Гледањето и гатањето се доволно нејасни, па можат да важат за секого. Пророштвата навистина се исполнуваат, особено ако ни се допаѓаат. Често луѓето ги одбираат деловите од предвидувањето што им се допаѓаат и прават подлабок, потсвесен обид да ги манифестираат.

Што би можело да значи?

Сè е енергија. Времето е илузија на свеста. Сосема возможно е некои многу интуитивни луѓе да можат да „гледаат“ настани кои ѝ се случуваат сега на некоја личност, или во некоја друга димензија. Некои луѓе веруваат во судбина или „душевен договор“, а интуитивните личности би можеле да ги чувствуваат овие работи.

2. Гледање на тарот карти што открило нешто пред вие да го знаете

Што навистина значи?

Гледањето на тарот карти може да биде навистина моќен процес. Она што го гледате на картите кажува сè за вашата ситуација, многу повеќе од она што го претставуваат тие.

Што би можело да значи?

Некои луѓе веруваат во божественото или во комуникација со небесни суштества кои со нас споделуваат мудрости. Картите можеби се некој медиум за споделување информации.

3. Постојано гледање на предмет поврзан со почината личност

Што навистина значи?

Мозокот постојано добива и филтрира информации преку надворешните стимули. Ова значи дека ако поврзете некоја почината личност со одреден предмет, како на пример цвет, потсвесно постојано ќе барате цветови. Затоа и ќе почнете да ги забележувате и ќе мислите дека почесто се појавуваат во вашиот живот.

Што би можело да значи?

Некаква енергија го привлекува вашето внимание кон нешто, како на пример цветот. Ова е безопасен начин на комуникација со починатиот кој веројатно сака да ви каже дека сè уште е со вас.

4. Будење сред ноќ, неможност за мрдање и гледање разни фигури

Што навистина значи?

Парализата во текот на сонот е медицински феномен кој многу се истражува. Во овој случај, телото е заспано додека умот се буди. Често се појавуваат и халуцинации во форма на демони или темни фигури кои ве притискаат и ве држат во место. Најверојатно ова е проекцијата на чувството дека сте парализирани.

Што би можело да значи?

На овој начин луѓето изјавиле дека имале искуства надвор од нивните тела. Во овие ситуации тие се среќаваат и комуницираат со битија кои имаат важни пораки за нив, или пак посетуваат други димензии.

5. Ви се јавува личноста на којашто сте мислеле

Што навистина значи?

Најверојатно по грешка ги поврзувате мислите за личноста со тоа што ве контактирала. Сигурно безброј пати сте помислиле на таа личност без да се случи нешто. Голема е веројатноста да станува збор за случајност.

Што би можело да значи?

Ако се земе предвид дека на некој начин сè е поврзано, не е невозможно да имаме потенцијал да комуницираме телепатски.

6. Посета од „дух“, особено ако се случува повеќепати

Што навистина значи?

Најверојатно постои нешто друго што ве плаши, па тој страв го засилува сетилото за звук, мирис и слично. Почнувате да забележувате нешта кои за вас вообичаено се невидливи. Важно е да размислите што се случува во вашиот живот во такви ситуации и дали навистина има невидлива сила во вашиот дом.

Што би можело да значи?

Можеби гледате делчиња енергија, без разлика дали станува збор за дух или енергија што нема каде да оди.

7. Добивање знаци дека треба да бидете со некоја личност

Што навистина значи?

Кога не сте сигурни дали врската ќе функционира, почнувате да барате натприродни „знаци“ кои ќе ви помогнат да добиете чувство на контрола. Барате некоја сигурност која всушност не постои.

Што би можело да значи?

Кога две личности се совршени еден за друг, почнуваат да се синхронизираат за многу нешта. Можеби имате ист вкус за музика, исти интереси, живеете на исто место… Лесно е да мислите дека некоја надворешна сила ви кажува дека треба да бидете заедно.

Мислите дека сте видовити? Овие 6 знаци покажуваат дека тоа е вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар