6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Пред два дена, на 1-ви декември, беше обележан Светскиот ден за борба против СИДА. Благодарение на медицинскиот напредок, денес луѓето кои се носители на ХИВ вирусот можат да живеат долго и квалитетно за разлика од порано кога никој немал храброст да се тестира, а не, пак, јавно да признае дека има СИДА. И денес оваа смртоносна болест е табу тема и луѓето сѐ уште не се осмелуваат да ги преземат сите безбедносни мерки за заштита и превенција, но благодарение на многуте организации и кампањи, свеста на луѓето полека се буди.

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Од оваа болест починале повеќе познати личности, најмногу поради тоа што биле неинформирани и не знаеле што се случува со нивното тело. Во продолжение прочитајте кои познати ѕвезди го изгубиле животот токму поради овој подмолен убиец наречен СИДА…

1. Фреди Меркјури

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Овој музичар е првата светска ѕвезда за која јавноста дознала дека починал од СИДА. Имал 45 години, а само неколку дена пред смртта искрено проговорил јавно за неговата здравствена состојба. И покрај тоа, неговиот неоспорлив музички талент, ја засенува оваа темна дамка во неговата биографија.

2. Рок Хадсон

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Сите знаеле дека еден од најдобрите актери на сите времиња е хомосексуалец. Иако никогаш не зборувал јавно за неговата сексуална ориентација, во 1985 година открил дека е болен од СИДА. Починал 3 месеца по јавното признание.

3. Ентони Перкинс

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Актерот кој засекогаш ќе остане запаметен по улогата во филмот „Психо“ (Psycho) бил бисексуалец. Во 1992 година тој починал од воспаление на белите дробови, што се јавило како последица од смртоносната болест СИДА.

4. Артур Еш

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Артур Роберт Еш бил најдобриот американски тенисер кој се заразил од СИДА по операција на срце преку трансфузија на крв. Јавноста долго време не знаела што се случува со Еш кој ја криел болеста поради неговата ќерка, која тогаш имала само 2 години. Починал во 1993 година од воспаление на белите дробови исто како Ентони Перкинс.

5. Иван Вдовиќ

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Првиот човек регистриран како ХИВ позитивен на просторите од поранешна Југославија бил тапанарот на групата ЕКВ. Тој починал кога имал 31 години.

6. Џија Каранџи

6 величенствени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Џија била најпознатиот супермодел во 70-тите и раните 80-ти години. Таа била зависничка од хероин, поради што си ја уништила кариерата. По кратко време дознала и дека е болна од СИДА. Оваа опасна болест ја „убила“ кога имала само 26 години.

Луѓето треба да бидат добро информирани за сите начини на кои се пренесува ХИВ вирусот и за тоа како да се заштитат. Сите се изложени на опасност, без оглед на сексуалната ориентација или бројот на сексуални партнери. Луѓето, пак, кои веќе се заразени со вирусот треба да бидат прифатени од општеството, а не дискриминирани. Животот за нив не е завршен, туку сѐ уште можат да живеат нормално, квалитетно и да придонесуваат за општествениот развој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар