6-те видови рак кои сè почесто се појавуваат кај луѓе на возраст од 25 до 45 години
Едно истражување спроведено од Американското здружение за рак, анализирало податоци од изминатите 40 години за дијагноза на рак кај Американци на возраст од 25 до 84 години. Тие забележале повисока стапка на болеста кај луѓето помеѓу 25 и 49 години, особено на видовите рак поврзани со дебелината.
Биле испитани 12 видови рак поврзани со дебелина, а следниве 6 најчесто се појавувале кај луѓе во 60-тите и 70-тите години од животот:
- Рак на дебелото црево
- Ендометријален рак
- Рак на жолчката
- Рак на бубрезите
- Рак на панкреасот
- Мултипен миелом (рак на крвта или на клеточната плазма)
Кај луѓето на возраст од 25 до 29 години забележан е најголем пораст на ракот на бубрезите. Кај населението на возраст од 30 до 34 години забележан е пораст на мултипен миелом.
Кај помладото население забележан е и пораст на два вида рак кои не се поврзани со дебелината:
- Гастроинтестинални тумори
- Леукемија
Што го предизвикува овој пораст?
Бидејќи истражувањето не било фокусирано на причините за зголемување на бројот на заболените од рак, се претпоставува дека главен виновник е зголемениот број на дебели луѓе.
Со истражување од 2018-та година се потврдило дека прекумерната телесна тежина била виновна за дури 60% од сите случаи со ендометријален рак, 36% од случаите со рак на жолчката, 33% од рак на бубрегот, 17% од рак на панкреасот и 11% од рак на клеточната плазма.
Кога станува збор за ракот на дигестивниот тракт и леукемијата, научниците сметаат дека причината е поголемиот број автоимуни болести, претераната употреба на антибиотици и изложеноста на канцерогени материи во опкружувањето.
Постои ли простор за грижа?
Како и кај повеќето болести, превентивното делување може да биде од голема помош. Според истражувањето, би требало да обрнете внимание на вашето здравје и телесната тежина. Значи, здравата исхрана и редовното вежбање се главни фактори за спречување на ракот, без разлика на годините.
Авторите на истражувањето ги охрабруваат лекарите да ја следат тежината на нивните пациенти и да ги советуваат за здравствените ризици од дебелината.
Прочитајте ги и овие факти за ракот.