6 работи кои ќе ги разберат само девојките кои обожаваат шопинг

6 работи што ќе ги разберат само девојките кои обожаваат шопинг

На девојките кои ја сакаат модата навистина не им е лесно. Тие веруваат дека нивниот живот би им бил полесен доколку би имале само еден пар обувки кои би ги комбинирале со 95% од дневните модни комбинации. Или пак, доколку се личности што не се оптоваруваат за бојата на карминот и дали таа нијанса се сложува со модната комбинација. Можеби дури и девојка која признава само две фризури: Пуштена коса и коњско опавче. Но, како и да е, девојките кои ја сакаат модата и шопингот, имаат забележано неколку ситуации кои постојано се повторуваат, а сите како нив ќе се препознаат во истите. Па, да започнеме по ред.

Girlfriends window shopping

1. Почетокот на распродажбата би требало да се прогласи за национален празник

Нема ништо полошо од тоа кога ќе започнат распродажбите, а вие морате да го поминете целиот ден на факултет или на работа. И потоа започнувате да се загрижувате дали воопшто ќе остане нешто во бутиците додека стигнете до нив.

2. Вашиот телефон е „окупиран“ со шопинг листи

Каде и да погледнете, секогаш пронаоѓате некој список со работи кои мора да ги купите. Дури сте започнале и самите на себе да си испраќате пораки за случајно да не заборавите на сјајната блуза која сте ја виделе во вашиот омилен бутик.

2-6-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-obozhavaat-shoping-www.kafepauza.mk_

3. Редот пред соблекувалните е толку долг, што редовно купувате облека без да ја пробате.

Трпението не е ваша јака страна? Уште полошо е кога доаѓа зима, па мора да поминете по 40 минути во соблекувалната за само да се „ослободите“ од горниот слој облека! Кој уште има време за тоа? Навистина е крајно време да се смисли некој побрз и поедноставен начин за испробување на облеката! Виртуелни огледала, на пример?

4. Викендот по примањето на платата е најопасниот викенд за вашиот паричник

Толку многу пати си го повторувате зборот самоконтрола што тој целосно ја изгубил својата смисла. Ако вашата плата го преживее тој прв викенд, сè ќе биде полесно. Но, ова „ако“ е од клучна важност!

3-6-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-obozhavaat-shoping-www.kafepauza.mk_

5. Ако нема нешто во вашата величина, тогаш ги обиколувате сите бутици од истиот бренд

Баш кога конечно сте ја донеле одлуката да го купите оној мал црн фустан, моделот во вашата величина е продаден? Тоа е веќе лична навреда. Тогаш започнува трката по градот. Сега тој фустан мора да го имате, па макар и да го облечете понекогаш, кога евентуално ќе одите на вечера во најпопуларниот ресторан во градот. Но сериозно, ќе го носите тој фустан.

6. Секогаш кога немате пари во себе, во секој бутик би купиле барем едно парче облека

Зар ова не се случува баш секој пат? Некако секогаш се случува новите колекции да стигнат во бутиците баш кога сте ја потрошиле платата или пак сте го заборавиле паричникот дома.

4-6-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-obozhavaat-shoping-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар