6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет
Иако патувањето може понекогаш значително да влијае врз вашиот буџет, реалноста е дека ако одите на евтина дестинација и се задржите таму подолго време, всушност ќе заштедите. Веројатно токму поради тоа и терминот „дигитален номад“ стана познат во последните години, а се однесува на оние кои можат да работат од каде било во светот. Во продолжение ви предлагаме неколку такви евтини дестинации.
1. Камбоџа
Во Камбоџа можете да најдете сместување за само 10 евра и тоа во туристичките градови како Сием Реап. Единствено што ќе ве чини повеќе е посетата на Ангкор Ват. Храната се состои од тестенини и пржени специјалитети кои се продаваат на улица како и свежо овошје, а нивната цена е повеќе од прифатлива.
2. Индија
Хотелот Хари Пиорко во Делхи е еден од најпознатите хотели во цела Индија, а овде преноќевањето чини околу 3 евра. Покрај тоа, уличната храна е евтина и вкусна, така што единственото нешто што навистина ќе ве чини би била авионската карта.
3. Мароко
Доколку сте љубител на зачини и производи од текстил, кожа и керамика, морате да посетите марокански пазар. Градовите како Маракеш и Есаоиура се познати не само по нивните феноменални пазари, туку и по евтиното сместување.
4. Непал
Во главниот град на Непал, Катманду, цените за сместување почнуваат од 4 евра за ноќевање, а патувањето со автобус од еден до друг град ќе ве чини околу 8 евра. Доколку патот ве однесе накај Непал, морате да ги пробате традиционалните пелмени кои се нарекуваат „момо“. Една порција ќе ве чини околу 1 евро.
5. Лаос
Доколку погледнете на мапа, ќе видите дека територијата на Лаос наликува на палма. Овде дефинитивно ќе уживате при посетата на будистичките манастири и водопадот Куанг Си. Секако, додека сте во Лаос не пропуштајте ја и традиционалната масажа која ќе ве чини околу 5 евра.
6. Либан
За жал, Либан се соочува со голема економска криза и инфлација, па може да се каже дека е една од поевтините дестинации за оние кои носат долари и евра со себе. Тука можете да најдете фалафел сендвич (улична храна, типична за Средниот Исток) за само половина евро, а максималната цена што може да ја платите за такси е 4 евра.
Откако прочитавте за овие неверојатни дестинации, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 10-те најевтини европски градови за викенд патување.
Извор: punkufer.dnevnik.hr