5 знаци дека несвесно ширите негативна енергија

5 знаци дека несвесно ширите негативна енергија

Сите ние се сметаме за позитивни луѓе, но тоа не значи дека одвреме-навреме не ни се провлекуваат негативни мисли. Тоа е сосема нормално, сѐ додека не ѝ дозволите на негативноста да завладее со вашиот живот. Овие неколку знаци покажуваат дека ширите негативна енергија иако можеби не сте свесни за тоа…

5 знаци дека несвесно ширите негативна енергија

1. Ги омаловажувате луѓето кога се обидуваат да дадат идеја

Ова најчесто се случува на работното место. На деловен состанок сте со колегите и сите треба да дадете по некоја идеја за најновиот проект. Можеби нема да коментирате со зборовите „Тоа е ужасна идеја“, но постојат многу други суптилни начини на кои можете да ги обесхрабрите колегите. Можеби покажувате незаинтересираност со тоа што си „чепкате“ по телефонот или ги прекинувате другите за да го кажете вашето мислење. Наместо тоа, обидете се да се насмевнете или да кимнете со главата во знак на одобрување. Тоа ќе ги охрабри другите да ги споделат нивните идеи поради што на состанокот ќе завладее многу попозитивна и попродуктивна атмосфера.

2. Премногу често им се „истурате“ на пријателите

Се среќавате со друштвото и веднаш ги „бомбардирате“ сите со вашите фрустрации на работа и со вашето незадоволство од љубовната врска. На сите нас ни треба издувен вентил, но проблемите што ви се случуваат не смеат да бидат главна тема на сите разговор. Пред да почнете да се жалите за тоа колку лошо ви поминал денот, размислете дали навистина сакате одново да го преживувате сето тоа и како би се чувствувале вие кога пријателите би ви го правеле истото. Зарем не е позабавно да зборувате за тоа каде ќе одите на одмор?!

5 знаци дека несвесно ширите негативна енергија

3. Туѓите проблеми прават да се чувствувате подобро

Зошто ви е толку забавно кога слушате за распадот на врската на вашата колешка од работа? И зошто се смеете кога ќе видите како некој се сопнува? Ваквите реакции се сосема нормални и човечки. Можеби понекогаш интересно е да си го одвлечете вниманието од вашите лични проблеми на ваков начин, но наместо да слушате туѓи жалби и поплаки, искористете го тоа време и енергија на себе.

4. Постојано зборувате колку сте зафатени

Сите ние сме зафатени поголемиот дел од времето. Ако постојано зборувате колку многу обврски имате, тоа е исто како да повторувате некој очигледен факт одново и одново. Искористете го вашето заслужено слободно време за да ги правите работите во кои уживате, а не за да разговарате за проблемите кои ве мачат.

5. Не се фокусирате на позитивните работи во вашиот живот

Ако сте имале лош ден на работа, навистина е тешко да дојдете дома и да не се пожалите на партнерот. Нормално дека не можете постојано да се смеете и да се преправате дека ништо не ви пречи, но нема да си помогнете ако се фокусирате само на негативните нешта. Наместо тоа, насочете го вниманието на други аспекти од вашиот живот кои ве прават среќни, како на пример вашиот сладок домашен миленик кој со нетрпение чека да го погалите. Живејте во моментот и уживајте во убавините што ги нуди животот.

Во продолжение прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар