5 здравствени факти кои произлегуваат од бојата на очите
Неколку неодамнешни истражувања откриваат дека постои поврзаност помеѓу бојата на очите и здравствената состојба на телото. Пронајдете ја разликата помеѓу темната и светлата боја на очите.
Очите можат да покажат многу за нас, како се чувствуваме, што размислуваме, дали ја говориме вистината или зборуваме лаги, но исто така можат и да го покажат нашето здравје. Постојат 12-13 гени кои ја утврдуваат бојата на очите и други внатрешни процеси во нашето тело.
1. Болести од кои страдате
Неколку минати истражувања покажуваат дека очите имаат директна конекција со болестите од типот дијабетес, меланом и витилиго. Луѓето со сини очи помалку страдаат од витилиго, состојба во која кафеавите пигменти исчезнуваат од одредени делови на телото и оставаат белези кои изгледаат избелени.
Кога бојата на очите е различна, на пример бојата на едното око е кафеава, а на другото сина, тогаш може да укажуваат на различни болести како Хорнеров синдром или глаукома.
Луѓето кои имаат напреден дијабетес можат да забележат дека бојата на нивните очи станала потемна.
2. Вашиот карактер
Едно истражување спроведено во Австралија во кое учествувале 366 личности, покажува дека луѓето со светли очи имаат тенденција да бидат многу конкурентни и помалку чувствителни, пријателски настроени и подарежливи во однос на оние кои имаат темни очи.
3. Начинот на кој се справувате со болка
Некои од научниците тврдат дека бојата на очите може да упатува на прагот на болка на вашето тело.
Последното истражување, направено на 58 жени, покажува дека тие со светли очи доживуваат помали болки за време на породувањето, во споредба со жени кои имаат потемни очи.
Овие жени не само што помалку чувствуваат физичка болка, туку тие исто така искусуваат помала вознемиреност, депресија и негативни мисли.
4. Гени
Во 2008 година, научниците откриле дека сите луѓе со сини очи се генетски директно поврзани со ист предок, човек кој имал генетска мутација пред 6.000-10.000 години. Дотогаш, сите луѓе имале само кафеави очи. Ако имате сини очи, тогаш вие имате исти предци со луѓето околу вас кои имаат сини очи.
5. Колку може да ви се верува?
Дали е возможно да им верувате многу повеќе на луѓето со кафеави очи отколку на тие со светли?
Истражувачите кажуваат дека луѓето со кафеави очи се значително повеќе веродостојни од тие со сини очи. Сепак, веродостојноста на некоја личност може да се промени според обликот на лицето. За да се донесе овој заклучок, потребно e да се земат предвид и други карактеристики на лицето, а не само бојата на очите.