5-те најромантични места ширум светот за новогодишна прослава со вашиот партнер

5-те најромантични места ширум светот за новогодишна прослава со вашиот партнер

На 2018-та година ѝ се ближи крајот и сите имаат измешани чувства за ова. Од една страна новата година ви отвора многу нови можности, но од друга страна може да биде тешко да затворите едно неверојатно поглавје од вашиот живот. Како и да е, доаѓањето на новата година бара прославување. Ако сте во врска, сигурно ќе сакате да наздравите со вашиот партнер кога ќе ја дочекате 2019-та. Доколку сакате да одите некаде настрана, ова се најдобрите дестинации за дочекот на новата година со вашиот партнер.

1. Венеција, Италија

5-те најромантични места за дочек на Нова година со вашиот партнер

Замислете си да се возите низ прекрасната Венеција со гондола покрај партнерот. Овој романтичен град е одличен за паровите кои имаат долга листа дестинации за посетување. Ќе споделите навистина неверојатни искуства додека го очекувате почетокот на новата година.

2. Островот Каталина, Калифорнија

5-те најромантични места за дочек на Нова година со вашиот партнер

Островот Каталина се наоѓа во близина на Калифорнија и е одлична дестинација за паровите кои сакаат да избегаат за Нова година. Секогаш можете да се опуштите во некој бар покрај базен или да го разгледате островот и да уживате во многуте активности. Можете да најдете и понуди за парови кои нудат масажи, пикник и многу повеќе.

3. Савана, Џорџија

5-те најромантични места за дочек на Нова година со вашиот партнер

Навистина вреди да ја посетите Савана за Нова година. Ова е еден од најшармантните градови во САД и е одлично место за паровите кои сакаат помирна атмосфера.

4. Долината Напа, Калифорнија

5-те најромантични места за дочек на Нова година со вашиот партнер

Ако сте љубители на виното, зошто да не наздравите со него за Нова година во долината Напа? Оваа дестинација во Калифорнија е создадена за парови кои сакат да го пробаат најдоброто вино во регионот и да сведочат на неверојатните пејзажи. Можете да закажете место и на официјалниот Вински воз за Нова година во кој е вклучен оброк, 3-часовно возење низ регионот, забави и многу повеќе.

5. Будимпешта, Унгарија

5-те најромантични места за дочек на Нова година со вашиот партнер

Ако сакате да ја дочекате новата година со стил, тогаш размислете за прослава во Будимпешта. Ова е најпознатото место за оние кои сакаат да прославуваат покрај Дунав, со неверојатни коктели и партнерот покрај себе.

Погледнете и кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар