5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Сигурно веќе сте размислувале како можете да го зачините месецот на љубовта и да направите нешто поразлично. Доколку вашата девојка или сопруга суптилно ви кажала дека сака посебно изненадување за овој Ден на вљубените, најдоброто нешто што можете да ѝ го подарите е патување. Доколку не можете да се одлучите за дестинација, овие предлози се совршени за прославување на Денот на вљубените.

1. Париз

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Не треба да ве чуди што Париз е еден од главните дестинации за романтична посета. Познат и како градот на љубовта, Париз навистина има посебна убавина и шарм. Погледот на градот е заштитен од УНЕСКО и не смеат да се прават згради повисоки од 6 ката. Низ целиот град ќе најдете бројни романтични ресторани, многу калдрми, продавници со секакви интересни работи, фантастични галерии, музеи, споменици… Едноставно, овој град нуди премногу.

2. Талин

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Главниот град на Естонија, покрај тоа што е еден од најнапредните во Европа, нуди и единствено доживување на средновековната култура. Стариот Град ги задржал шармот и стилот од минатото, па сигурно ќе уживате додека шетате низ него. Доколку сакате и романтична вечера во средновековен стил, има многу ресторани во самиот центар на градот што ќе ви го овозможат токму тоа.

3. Фиренца

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Иако секое место во Италија си има посебен шарм, за Денот на вљубените може да се издвои Фиренца. Доколку сте љубители на уметноста, ова е совршената дестинација за вас. Шетањето низ градот е како шетање низ најголемата галерија во светот.

4. Амстердам

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Овој град е одлична дестинација за сите вљубени. Местата што треба да ги видите ќе направат да се чувствувате фантастично. Често Амстердам е споредуван со Венеција поради многубројните канали, а најромантичното нешто што можете да го направите е возење со брод.

5. Келн

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Еден од најстарите градови во Германија звучи навистина примамливо за посета. Ова е четвртиот по големина град во Германија и овде ќе ја најдете неверојатната Келнска катедрала која е трета по височина во светот. Исто така можете да пловите по реката Рајна и да уживате во зајдисонцето. Уште подобро е што во овој регион има многу дворци и замоци кои се како излезени од бајка и ќе ви ја направат посетата уште поневеројатна.

Погледнете ги и дестинациите што би требало да ги ставите на вашата листа за патување за 2019-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар