5-те најчести предрасуди за Иран
Покрај фактот дека иранската цивилизација е една од најстарите во светот, денес во очите на многумина Иран е мистична земја. Така, честопати се случува поради геополитичките конфликти и недоволната информираност многумина од нас да имаат погрешни идеи за една земја, а ова се најчестите предрасуди за Иран.
1. Иранците се Арапи
Општа перцепција е дека сите кои живеат на Блискиот Исток се муслимани или Арапи. Сепак, не сите Арапи се муслимани, ниту пак Иранците се Арапи иако тие имаат заедничка религија и се служат со арапското писмо.
2. Иранците зборуваат арапски
Официјалниот јазик во Иран е персискиот, а постојат и регионални јазици како курдски или арапски кои се зборуваат во одредени делови од земјата.
3. Иран е несигурна земја и ги мрази западњаците
Поради дипломатските препукувања и историските настани како Иранската револуција, навикнати сме да гледаме на Иран како на земја уништена од војните, теророт и насилството. Денес, Иран е безбедна и стабилна земја, а многу туристи се враќаат воодушевени од гостопримливоста на оваа земја. Можеби и не се љубители на Западот, но Иранците се гостопримливи и љубезни кон обичниот човек.
4. Жените немаат никаква права
Иако Иран е прилично конзервативна земја која се придржува до исламската вера, сепак тоа не значи дека ги запоставува правата на жените. Така, Иран има висок процент на жени кои се дел од науката, политиката и јавниот живот.
5. Иран е еднолична земја
Со површина од 1.648.195 километри квадратни, Иран не го заслужува епитетот на „еднолична земја“. Иако многумина го поистоветуваат Иран со суво копно, топла клима и многу џамии, сепак оваа земја изобилува со разновидна клима, обичаи, храна и музика.
Откако прочитавте за најчестите предрасуди за Иран, можеби ќе сакате да прочитате и за модата на улиците во Иран која целосно ќе ви ги сруши стереотипите за оваа земја.
Извор: punkufer.dnevnik.hr