5 познати цитати од автори кои не ги кажале зборовите за кои им се дава заслуга

5 познати цитати од автори кои не ги кажале зборовите за кои им се дава заслуга

Ни криви ни должни, на овие петмина луѓе им се припишуваат цитати кои многу веројатно никогаш не ги изговориле или напишале. За нивна среќа, барем се работи за мудри зборови.

5 цитати од погрешни автори

„Оној кој не чита нема предност пред оној кој чита“. – Марк Твен

Нема никакви докази дека токму Марк Твен ги кажал овие зборови, покрај сите негови други славни цитати. Постои многу поголема веројатност дека оваа реченица најпрво се појавила во школски весник, многу порано пред да почне да му се припишува на остроумниот американски писател.

 

„Добриот хокеар игра онаму каде што е пакот. Одличниот хокеар игра онаму каде што пакот ќе биде“. – Вејн Грецки

Вејн Грецки е еден од најдобрите играчи во историјата на хокејот на мраз, а оваа наводно негова изјава се користи во многу бизнис презентации и мотивациски говори. Но, според поранешниот хокеар Горди Хоу оваа изјава ја дал неговиот татко, а не тој. Тој смета дека зборовите му се припишуваат на Грецки помладиот затоа што така говорникот звучи поубедливо.

 

„Логиката може да ве однесе од точка А до точка Б. Имагинацијата може да ве однесе секаде“. – Алберт Ајнштајн

Од кратките цитати на Ајнштајн можат да се научат многу лекции, но овој не е еден од нив. За прв пат му се припишува во 2010 година во книга со негови цитати собрани од извесна Алис Калаприс, но дури и таа овие зборови ги сместила во рубриката на цитати кои веројатно не се негови.

 

„Цигарата понекогаш е само цигара“. – Зигмунд Фројд

Цитатот на Фројд за прв пат е забележан во фуснота на стручен труд во научна публикација за психијатрија, но никогаш порано. Многу други познавачи на ликот и делото на Фројд не се согласуваат дека тој некогаш ги кажал овие зборови.

 

„Без оглед на тоа дали мислиш дека можеш или не можеш да успееш, во право си“. – Хенри Форд

И повторно, не постои ниту еден извор кој потврдува дека наводниот автор е и вистинскиот. Овие зборови многу полесно се поврзуваат со поема од малку познатиот американски поет Волтер Винтл, отколку со Форд.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар