5 неверојатни места во Виетнам кои вреди да ги посетите

5 неверојатни места во Виетнам кои вреди да ги посетите

Виетнам е земја полна со изненадувања. Има навистина интересна историја, природата е неверојатна, луѓето се пријателски настроени, цените ниски а храната е одлична. Доколку некогаш ја посетите оваа земја, немојте да ги одминете овие 5 неверојатни места.

1. Заливот Халонг

(1)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Овој залив е еден од новите природни светски чуда. Има прекрасни карпи кои се издигнуваат од океанот и создаваат неверојатни пејзажи.

(2)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Заливот можете да го посетите со брод, кој најверојатно ќе ве однесе и на островот Кат Ба. За време на турата ќе посетите и неколку пештери кои се создавале милиони години.

2. Далат

(3)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Ова е мало село во јужниот дел на државата. Се наоѓа на планините и е опкружено со големи фарми за кафе, шуми и реки со прекрасни водопади.

(4)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Малку луѓе знаат за ова место, па овде нема да сретнете многу туристи. Селото е шарено и има многу зеленило.

3. Плажа во џунглата

(5)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Ова е мала плажа која се наоѓа веднаш до неколку ридови полни со егзотични дрвја. Овде има многу малку хостели, па речиси и да нема луѓе.

(6)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Овде ќе спиете во бамбусови колиби веднаш до плажата, а храната е одлична.

4. Сон Дунг

(7)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Пештерите Сон Дунг се можеби најимпресивните пештери кои ќе ги видите во вашиот живот. Овој систем од пештери е еден од најголемите во светот и се создавал неколку милиони години.

(8)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

На некои места таванот во пештерите достигнува и 200 метри, а целата површина е повеќе од 38 милиони метри кубни. Овде има и разни активности како искачување и истражување на пештерата во темница.

5. Сапа или Бак Кан

(9)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Северниот дел на оваа држава е можеби најубав. Целиот пејзаж е речиси недопрен. Ќе најдете многу малку луѓе, и само по некое село по патот. Сапа е позната тераса за ориз северно од Ханои, исто како Бак Кан.

(10)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Бак Кан е може дури и поубаво од Сапа, но без разлика кое место и да го одберете, нема да погрешите.

Погледнете и зошто треба да ја посетите магичната Индија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар