5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

Со години многу производители наплаќаат повеќе за одредени продукти само затоа што се брендирани за жени. Ова не е ништо ново и истражување од 2010-та година покажало дека продуктите за жени, кои се разликувале само по дезенот на пакувањето, чинеле до 50% повеќе од истите производи наменети за мажи.

5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

Ова зголемување на цените, познато и како „розов данок“ се случува барем 20 години. Па зошто е ова вака? Можеби повеќе чини пакувањето или женските продукти содржат повеќе скапи состојки? Но, кога ќе ги погледнете состојките ќе сфатите дека и нема некоја разлика. Па, погледнете кои се најчестите продукти за жени кои се речиси секогаш со повисока цена.

1. Жилети и креми за бричење

Кај жилетите постои најголема разлика во цена и понекогаш женските можат да чинат дури 108% повеќе од машките. Жените кои се уморни од давање премногу пари за жилети можат слободно да ги купуваат машките.

2. Шампони и продукти за нега на коса

Едно истражување од 2015-та година открило дека женските продукти за нега на коса се и до 48% поскапи од машките. Дали причината е тоа што жените би дале повеќе пари за овие продукти? Дали производителите им ја набиваат цената на продуктите само затоа што можат? Па, следниот пат размислете подобро пред да купите скап шампон за коса.

3. Секојдневни услуги

Жените кои ги користат истите услуги како и мажите понекогаш треба да платат поскапо. Ова најмногу важи во фризерските салони каде што потстрижувањето на жените трае подолго, па веројатно и затоа е поскапо. Но што е со хемиското чистење? Дали е вистина дека машините се направени за машка облека, па потребна е дополнителна работа за женската?

4. Тампони и женски хигиенски продукти

Производителите на хигиенски продукти за жени се обидуваат да звучат што е можно поскромно, но вистината е дека овие нешта се неопходни и скапи. Покрај тоа, на мажите не им се потребни овие хигиенски продукти поради месечна биолошка функција. Поради ова се поставува прашањето дали е фер да се додава финансиски товар на жените со ова? Исто така, обележувањето на овие продукти како луксузни е смешно.

5. Детски играчки

Розовиот данок важи и за играчките за девојчиња. Всушност, играчките кои им ги рекламираат на девојчињата во просек чинеле 7% до 11% повеќе од оние за момчињата. Сепак, овде не може да се направи вистинска споредба бидејќи повеќето деца сакаат и „машки“ и „женски“ играчки.

Што можете да направите?

Иако продуктите за лична нега и здравје се најчесто поврзани со розовиот данок, проблемот е распространет многу повеќе. Во едно истражувањето биле вклучени 800 разни продукти со машка и женска верзија и се открило дека женската верзија чинела повеќе во 42% од случаите. Оваа разлика може да чини илјадници евра во текот на животот на една жена. Најдоброто нешто што можете да го направите е да ја подигнете свеста и да купувате попаметно. Барајте компании со компатибилни вредности или едноставно купувајте ги „машките“ верзии на истите производи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. срамота Reply

    Барем спомнете дека ова се случува во Америка и дека истражувањето е таму правено. А не да си мислат тука дека жените плаќаат повеќе за одредени производи, кога нема никакви истражувања, докази и факти што укажуваат на истото.

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Слободно влезете во кој било наш маркет и споредете ги цените на обичните бричеви за мажи и жени… веднаш ќе ја забележите разликата во цената. Ова можете да го направите и со сите други продукти споменати во текстот погоре. Истражувањето не е правено во Македонија, но ни продуктите не се направени тука и иако цените се адаптирани за нашиот пазар, тие се водат според државите од кои потекнуваат.

Остави коментар