5 необични особини кои ги наследуваме од родителите
Познато е дека од родителите ги наследуваме бојата на очите и косата, висината, обликот на носот и други физички црти. Но, во бескрајноста од тие слични карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, постојат уште неколку интересни, кои не би ни претпоставиле дека имаат врска со генетиката.
1. Синдром на кивање
Ви се кива ли кога гледате директно во сонце? Или можеби кивате 2-3 пати по ред кога од мрачната кино сала наеднаш ќе излезете во силно осветлениот ходник. Во прашање е необичниот синдром на кивање кој го наследуваме од своите родители.
2. Не поднесувате алкохол
Ако после неколку испиени голтки црвено вино се чувствувате како да ве прегазил воз, можете да им заблагодарите на вашите родители за ниската толеранција на алкохол.
3. Стискање на дланките
Прекрстете ги прстите на обете дланки како да сакате да се молите. Ова направете го без размислување. Како ви стојат палците? На повеќето луѓе левиот палец ќе им дојде врз десниот. Обидете се сега да ги смените. Се чувствувате незгодно во таа положба, нели? Луѓето кои „природно“ ги држат дланките во оваа обратна поза, тоа го имаат наследено од своите родители.
4. Ген на популарноста
Ако сте комуникативна, отворена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е генот на популарноста да го имате наследено од вашите родители.
5. Акробации со јазикот
Можете ли да го свиете јазикот во вид на тунел? Верувале или не, оваа моторичка вештина ја немаат сите, а вам ви е пренесена од мајка ви или татко ви.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.