5 најскапи забави на сите времиња

5 најскапи забави на сите времиња

Богатите и познатите не штедат кога организираат забави, сè со цел да покажат колку се моќни, гостите да си поминат убаво, а медиумите да имаат за што да пишуваат. Ова се петте најскапи забави на светот организирани од светскиот крем.

Забавата на султанот од Брунеи (2006)

Петто место на оваа листа е забавата на султанот од Брунеи, која се одржа во 2006 година, на која присуствуваа нешто помалку од 10.000 луѓе. За нејзината организација тој го олесни својот џеб за 27 милиони американски долари. За да ја направи забавата уште повозбудлива, за прв пат после две децении, тој најави покачување на платите за сите службеници во кралството.

5 најскапи забави на сите времиња

Свадбата на ќерката на Лакшми Митал (2004)

Светски познатиот индиски магнат, петти најбогат човек според магазинот „Форбс“, организираше неверојатна забава за својата ќерка. Таа заедно со нејзиниот сопруг, својата љубов ја прославија во замок од 17 век во Франција. Вкупната потрошена сума изнесувала огромни 60 милиони долари.

5 најскапи забави на сите времиња

Свадбата на принцот Вилијам и принцезата Кејт (2011)

Со месеци беше медиумски најавувана дека навистина ќе изгледа како од бајка. Па кога се случи и не беше далеку од вистината. Но секое задоволство има своја цена, па така кралското семејство издвои 70 милиони долари за оваа свадба. Најскапите работи на свадбата беа величествениот фустан на Кејт и тортата.

5 најскапи забави на сите времиња

Свадбата на Мухамед бен Рашид ел Мактум  (1981)

Иако станува збор за свадба организирана пред три декади, оваа забава била вистински спектакл. Премиерот на Обединетите Арапски Емирати за свадбата со својата сакана принцеза Салама, во тоа време издвоил 45 милиони американски долари, што пресметано денеска би значело 100 милиони.

5 најскапи забави на сите времиња

Инаугурацијата на претседателот Обама (2009)

Забавата која ја организираше претседателот Обама на денот на својата инаугурација, чинела неверојатни 160 милиони американски долари. Во цената биле вклучени забави на неколку места, па токму затоа тој заслужено се наоѓа на првото место.

5 најскапи забави на сите времиња

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. victor Reply

    Svadbata na Ben Rashid bese pred nekoe vreme a ne vo 81

    • Виктор Милевски Reply

      Виктор ова не се однесува на свадбата на Бен Рашид од 2004 година, туку на неговата прва свадба со принцезата Салама во 1981 година. Како потврда може да ти посужи и последнит пасус од овој текст, објавен на веб-сајтот на магазинот Форбс:

      http://www.forbes.com/2009/02/12/billionaires-donald-trump-business-billionaires_0212_billionaire_weddings.html

      Поздрав и секое добро

      • Anaa Reply

        Princezata SALAMA lele 😀

  2. Виктор Милевски Reply

    Виктор ова не се однесува на свадбата на Бен Рашид од 2004 година, туку на неговата прва свадба со принцезата Салама во 1981 година. Како потврда може да ти посужи и последнит пасус од овој текст, објавен на веб-сајтот на магазинот Форбс:

    http://www.forbes.com/2009/02/12/billionaires-donald-trump-business-billionaires_0212_billionaire_weddings.html

    Поздрав и секое добро

Остави коментар