5 начини да препознаете дали страдате од комплексот „Пепелашка“
Комплексот наречен „Пепелашка“, по популарниот лик од детските приказни, ги опишува жените и девојките кои живеат во соништа, во замислен свет од бајките и одбиваат да ја прифатат реалноста. Овој термин првпат го претставила писателката Колет Довлинг во книгата „Комплексот Пепелашка“ од 1981 година. Таа го дефинира како страв од независноста.
Прва карактеристика е што жените кои го имаат овој комплекс, потсвесно сакаат да ја пренесат одговорноста за својот живот на другите луѓе. Овие Пепелашки не живеат во сегашноста, туку во некој свој замислен подобар живот кој ги чека некаде далеку. Големо влијание врз оваа појава има и популарната култура, односно она што се случува во книгите, филмовите и сериите.
Ако препознаете некоја од следниве форми на однесување кај себе, тогаш внимавајте, можно е и вие да се претворате во Пепелашка:
1. Мислите дека не сте доволно добра ако немате партнер
Без разлика на тоа што сте убава, паметна и многу успешна, се чувствувате нецелосно поради тоа што немате партнер покрај себе.
2. Не знаете како да се однесувате кога ќе добиете комплимент
Секој комплимент или пофалба за вас ги дочекувате со одбивање, но, исто така, немате проблем да прифатите вина за нешто што не е ваша грешка.
3. Очекувате дека ќе ве спаси некој принц
Наместо да се борите за својата среќа, очекувате да дојде принцот на белиот коњ и да ви ги реши сите проблеми. На овој начин можете само да влезете во врска во која ќе имате нереални очекувања за решавање на проблемите, кои многу често се само во вашата глава.
4. Се плашите од неизвесноста
Влегувате од врска во врска бидејќи ви е страв да останете сами. Некогаш го правите тоа дури и со личност која не ви се допаѓа доволно, бидејќи поважно ви е да бидете во каква било врска, отколку во никаква.
5. Не знаете што би правеле ако раскинете со партнерот
Помислата на раскинување на врската кај вас создава страв и сметате дека животот ќе ви биде потполно уништен. Иако до одреден степен ваквото размислување е романтично, во основа вие верувате дека вашиот свет ќе биде целосно срушен и тоа е знак на премала самодоверба.
За да се надмине овој комплекс, потребно е да поработите на своите вистински чувства и желби, да се посветите на реалноста и да го прифатите светот таков каков што навистина е, а не онаков каков што вие го замислувате.
Прочитајте ги и овие 20 работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и за своето тело.