5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

Патувањето по големите европски реки му дава целосно нова перспектива на континентот и им нуди на посетителите и на љубителите на природата недопрена дивина и некои од најмагичните предели.

Дунав

5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

Дунав е втора најдолга река во Европа по Волга и тече низ Централна и Источна Европа и минува низ десет земји.

Тече низ унгарската престолнина Будимпешта, поради што е наречена „Кралица на Дунав“ и возењето по Дунав ноќе низ градот е вистински спектакл.

Како што течението на реката продолжува кон Црното Море, пејзажот се менува од урбан во природен. Поминувајќи низ Австрија, од реката има поглед на ридовите и сончевите лозја.

Рајна

5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

Рајна поминува низ срцето на Европа и плови низ Швајцарските Алпи кон Северното Море. Еден од најубавите предели на ова патување е Црната шума во Германија. Потоа, оваа река поминува низ Амстердам и во тој град е симбол на мир и релаксација.

Рона

5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

Оваа француска река се протега од Швајцарските Алпи до Медитеранот и минува низ мирисливи полиња со лаванда и прекрасни лозја. Производи од лековитото виолетово растение може да се купат на секој агол, а љубителите на виното мора да пробаат шардоне.

Сена

5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

Ако патувате низ Франција, тешко дека ќе ја промашите оваа прекрасна река. На нејзините брегови се одржуваат многубројни фестивали и уметнички настани, а љубителите на природата не треба да ги пропуштат карпите на брегот на Алабастер кои се идентични со оние попознатите, карпите Довер кои се наоѓаат од другата страна на каналот.

Дуро

5 големи европски реки по кои вреди да крстарите

Реката Дуро минува низ планините на Португалија и низ многубројни вински региони. Од Порто до Саламанка, нуди мноштво атракции по својот тек, од рибарското село Афурада до археолошкиот локалитет во долината Коа, на границата со Шпанија.

Погледнете го овој прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар