5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

Воздушниот транспорт со децении е најбрзиот начин да отидете од едно место на друго, но некои европски земји сè уште се без аеродром. Секако станува збор за прилично мали држави, но сепак, за да стигнете до нив, мора да ја преминете границата – по пат или море!

1. Ватикан

Ватикан е најмалата држава во светот, па дури и да сакате нема да најдете аеродром. Се наоѓа во средината на Рим, кој веќе има два меѓународни аеродрома. Овде слетувате надвор од градот, а потоа можете да отидете до Рим од каде што лесно ќе стигнете и до Ватикан.

5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

2. Сан Марино

Кога сме веќе кај Италија, Сан Марино е една од најмалите земји во светот и исто како и Ватикан, таа е скриена во Италија. Најблискиот аеродром е аеродромот во Римини кој се наоѓа на 15 километри оддалеченост.

5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

3. Монако

Ова кнежество е опкружено од три страни со Франција, а од четвртата со Средоземното море. Монако исто така нема аеродром, а најблискот е на половина час во Ница. И покрај тоа што нема аеродром, Монако има со што да се гордее. На пример трката во Формула 1.

5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

4. Лихтенштајн

Оваа земја гордо ја носи титулата на најмалата земја во светот која се граничи со две држави – Австрија и Швајцарија. Можните превозни средства во Лихтеншајн се автомобили, брод или воз, а најблискиот аеродром се наоѓа во Швајцарија.

5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

5. Андора

Андора е сместена помеѓу Шпанија и Франција и е земја во која можете да уживате во пешачењето и скијањето. Главниот град Андора де ла Вела може да се пофали дека е со највисока надморска височина во Европа. За да стигнете до Андора треба да изберете аеродром во Шпанија или Франција.

5 европски земји кои немаат ниту еден аеродром

Погледнете кои 10 места најмногу им недостасуваат на луѓето додека се во карантин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар