4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

Како што полека се приближуваме на третата декада од 21-ви век, луѓето низ светот постепено стануваат свесни за интолеранцијата, опресијата и поделеноста. Сепак, жално е што сѐ уште постојат места каде човечките и граѓански права секојдневно се прекршуваат на најнеподнослив начин и ниедна земја не е имуна на тоа.

4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

Имаме уште многу да учиме за промовирањето на солидарноста и толеранцијата на глобално ниво, како и борбата за праведни и инклузивни општества. Не смееме да дозволиме дискриминацијата да се шири ако сакаме да опстанеме како човечки вид. Во продолжение прочитајте за најчестите примери на дискриминација во светот која зазема многу форми и против која треба да продолжиме секојдневно да се бориме.

1. Полова дискриминација

4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

Жените и девојките низ светот континуирано се соочуваат со полова дискриминација скоро секој ден. Ова се преведува во различни форми на насилство, во лимитации и ограничувања во можностите како на приватен, така и професионален план (како образованието и вработувањето), па дури и преку стереотипните говори и говорот на омраза. Според Обединетите нации, се проценува дека 35% од жените глобално искусиле физичко насилство од своите партнери или други лица, а повеќето од нив го доживеале тоа пред да наполнат 5 години. Понатаму, околу 70% од сите жртви на трговијата со луѓе се женски лица. Ова се само дел од статистиките на посериозните случаи на дискриминација кои ги покажуваат насилствата со кои жените се соочуваат. Во зборовите на добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзеи :

„Не можеме сите да успееме ако половина од нас се воздржани и ограничени.“

Женските права се човечки права и сите заслужуваат еднакви можности.

2. Расна дискриминација

4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

Милиони луѓе низ светот секојдневно се соочуваат со расна дискриминација. Системскиот расизам продолжува да влијае врз малцинствата. Ова посебно се забележува во правниот систем на САД, каде афро-американците се 6 пати повеќе апсени од белите луѓе. Во 2014-тата година, податоците од извештаите на ФБИ покажуваат дека 6.727 луѓе биле жртви на насилство и криминал од омраза и 48.3% од нив биле цел на напаѓачите само поради нивната раса. Но, Америка е само мал дел од целокупната расна дискриминација, но добар пример дека треба да се направи, прифати и прослави различноста.

3. Дискриминација по сексуална ориентација

4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

ЛГБТ заедницата е постојано изложена на најразлични форми на опресија. Дури 80 држави од светот имаат закони кои ги забрануваат истополовите бракови или дискусиите за правата на геј популацијата. Во некои од нив, хомосексуалноста е казнувана со смрт и дури и во оние земји каде таа е легална, постојат многу други рестрикции. Никој не треба да се суди или прогонува по нивната сексуална ориентација. Тоа е основната дефиниција на апсурдот.

4. Религиозна дискриминација

4 типови дискриминација во светот против кои треба да продолжиме да се бориме

Како и со векови наназад, така и денес религиозната дискриминација претставува глобален проблем од толкав размер, што често е причина за најразлични конфликти. Со минатогодишните терористички напади во Сан Бернандино и Париз, процентот на криминал и насилство од омраза против муслиманите тројно се зголемил. Според истражувањата, една четвртина од светските религиозни групи се соочуваат со непријателства и неприфаќање во своите држави. Понекогаш, ова се јавува во форма на социјално неприфаќање, но многу влади ставаат забрани и рестрикции на одредени религиозни групи. Општо гледано на сите лимитации на религијата, истражувањата покажале дека околу 39% од земјите имаат високи или многу високи религиозни рестрикции. Тоа значи дека 5,5 милијарди луѓе живеат во општества со овие рестрикции. Религиозната слобода е стандард кој треба да се држи во секое модерно општество и секој треба да има право да биде она што ќе го избере и да живее според она во кое верува или не верува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар