4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

Нострадамус и Баба Ванѓа се едни од најпознатите пророци кои стекнале светска популарност благодарение на нивните застрашувачки пророштва. Но, постојат илјадници помалку познати претскажувања за кои веројатно не сте чуле досега. Тука припаѓаат следниве 4 претскажувања кои би требало да ги знаете, особено поради можните опасности и катастрофи кои тие предвидуваат дека ќе се случат во иднина…

4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

1. Пророштвото на Хилдегард од Бинген

Родена во 1098 година, својот живот го посветила на Бог. Абес Хилдегард била калуѓерка во Бенедиктинскиот манастир. Компонирала, пишувала, се занимавала со филозофија и теолошки расправи. Таа имала визии за иднината кои започнале да ѝ се јавуваат уште кога била дете. Хилдегард го објавила нејзиното животно дело под името Скривиас, во кое се наоѓаат 26 од нејзините пророштва и визии.

Според нив, не ни се пишува добро. Пред крајот на светот, големото кралство, кое се наоѓа преку океанот и има многу народи и племиња, ќе настрада кога ќе се појави кометата. Веројатно се работи за Америка. Исто така, многу други земји ќе бидат погодени од земјотреси, бури и поплави. Колониите ќе бидат преземени од „тигарот и змејот“ – онака како што денес се нарекуваат далекоисточните земји. Многу народи ќе гладуваат. Мирот во Европа ќе биде повторно воспоставен дури тогаш кога Франција повторно ќе стане кралство.

2. Третата тајна на Богородица од Фатима

Приказната почнува во 1917 година кога во Португалија две девојчиња и едно момче ја виделе лично Дева Марија. Таа всушност ги посетила неколку пати и им пренела три тајни за тоа што ќе се случи со нашата цивилизација. Двете тајни се објавени во документ од 1941 година од страна на едно од девојчињата. Но, само папата има клучеви од тајните документи во кои се наоѓа и третата тајна на Богородицата од Фатима.

Првите две тајни се однесуваат на Пеколот, Првата и Втората светска војна. Ватикан го одложувал објавувањето на третата тајна 83 години, за во 2000 година конечно да го претстави текстот во јавноста кој наводно се однесувал на обидот за убиство на папата Јован Павле Втори и прогонството на Христијаните ширум светот. Но, многумина сметаат дека последниот лист од пророштвото останал скриен, односно дека текстот претставен на јавноста во 2000 година не е баш целосен. А постојат и докази за тоа.

Кардиналите неколку пати рекле дека третата тајна е напишана на еден лист, а не на четирите објавени. Во третата тајна би требало да се наоѓаат информации за апокалипсата, сатаната и црквата. Тоа го нема во објавениот текст. Во текстот има и опис на Рим според кој сѐ е срушено и сите се мртви, а папата поминува преку сите нив, се качува на рид каде што го убиваат и него. Тоа некако не изгледа како атентатот на Јован Павле Втори. Освен тоа, ако тоа е навистина третата тајна, зошто после атентатот на папата чекале уште цели 20 години за да ја објават?

4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

Дева Марија кога се јавувала во визии секогаш говорела дека сето тоа може да се одбегне ако човештвото се сврти кон љубовта, наместо кон омразата. Нејзината клучна порака била дека неопходна е преобразба на Русија, дека руската црква ќе пропадне и дека Русија ќе го загрози целото човештво. Тоа било само неколку месеци пред Октомвриската револуција и се толкува како најава за тоталитаризмот на Сталин. Поради тоа, Јован Павле Втори давал напор да се стави крај на Студената војна и да се сруши империјата СССР. Богородица им рекла на децата дека нејзиното последно појавување ќе биде на 13-ти октомври во 1917 година. Спомнала дека тогаш ќе се случи и таканареченото „чудо на сонцето“.

Тоа брзо се раширило и во Фатима се собрале околу 100.000 луѓе кои биле сведоци дека чудото навистина се случило. Сонцето прво се појавило од облак, потоа добило ореол од различни бои кои паѓале како виножито. На крајот се поместило кон хоризонтот. Сите тие 100.000 луѓе и десетици новинари тврделе дека ништо слично немале видено во животот.

3. Пророштвото на Алоис Ирлмаиер

Алоис Ирлмаиер бил обичен физички работник од Фрајсласинг во Баварија. Меѓутоа, тој покрај физичката сила имал и други интересни способности. Знаел некои работи кои не би требало да ги знае и говореле дека е видовит. Според легендата, тој по Втората светска војна на многумина им помогнал да ги пронајдат нивните блиски. Поради популарноста која брза ја стекнал, завршил на суд обвинет дека се занимава со вештерство. Судот го ослободил кога тој точно му опишал на судијата каква облека носела жена му дента и што точно правела.

Алоис исто така го предвидел и денот на неговата смрт, но и некои други ситници. Тврдел дека ја видел Третата светска војна како на филм и истакнал дека таа ќе се води на Блискиот Исток и Медитеранот каде што ќе влезат во конфликт најголемите светски сили.

„Војната ќе почне кога двајца мажи ќе убијат трета важна личност. Тие се платени за тоа. Убиството ќе се случи на Балканот. Пред војната, годината ќе биде многу плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредување, преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат тие и не ја знам датата, ниту времето кога тоа ќе се случи“, тврдел Алоис.

4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

4. Пророштвото на Свети Нил од Синај

Свети Нил бил христијански монах од Синај. Живеел во петтиот век и зад себе оставил едно мало пророштво. Никогаш не било докажано дека тој навистина го напишал, но сепак е интересно и добро е да се знае. Тој ги предвидел авионите, подморниците, телефонските врски, па дури и Интернетот.

„Луѓето ќе најдат начин да разговараат од еден до друг крај на светот. По 1900-та година и во 20-тиот век луѓето ќе станат непрепознатливи. Кога ќе биде време за доаѓањето на антихристот, луѓето ќе бидат без чест и гордост. Светот ќе се промени… Нема да можеме да ги разликуваме мажите од жените поради бесрамното облекување и косата… Алчноста ќе владее. Луѓето ќе летаат како птици и ќе нуркаат на океанското дно. Но, кога ќе го постигнат сетот тоа, тие несреќни луѓе нема да знаат дека всушност му слугуваат на антихристот…“, така гласи крајот на неговата порака.

Засекогаш ќе остане мистерија дали постои вистина во овие застрашувачки претскажувања на иднината, но во секој случај постои големо поклопување меѓу нив и реалноста иако станува збор за пророштва со векови стари. Нам ни останува да ги зачуваме човечките вредности и да докажеме дека неизбежниот ужасен крај што тие го предвидуваат е погрешен и неостварлив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар