4 добри начини на употреба на дроновите
Беспилотните леталата на далечинско управување кои се попознати како дронови се создадени од американската армија за да им послужат во воени цели, но денес веќе се достапни на пазарот и секој може да ги купи. Затоа покрај за шпионирање и бомбардирање, има и луѓе кои ги користат во пацифистички цели.
За истражување на недостапни места
Археолозите во Перу ги користат дроновите за да извршат археолошки истражувања на локации кои се чувствителни на човечкото присуство или присуството на машини поради можноста за оштетување. Истражувачите на амазонските прашуми ги користат за да го намалат ризикот од смрт поради тропските болести или несакана средба со бројните предатори кои живеат таму. Исто така, веќе постојат слични направи кои на истражувачите им ги ставаат на дофат и морските длабочини кои инаку би било тешко да се достигнат.
За заштита на загрозените животински видови
World Wildlife Fund, непрофитна организација која се бави со заштита на загрозените животински видови лобира за воведување на дроновите како средство за шпионирање на ловокрадците. Тие би требало да ги лоцираат крадците и да испратат сигнал до полицијата.
Испраќање помош во подрачја погодени од катастрофа
Порано се испраќаа пакети со помош кои стигнуваа со падобран, но таа задача веќе можат да ја вршат дроновите. На нив може да се прикачи каков било пакет со хуманитарна помош и да се однесе во небезбедна област каде што сепак има луѓе на кои таа им е потребна.
Иако не се работи за хуманитарна помош, сепак вреди да се спомне дека Фејсбук работи на проект со којшто дронови кои работат на сончева енергија ќе донесат интернет сигнал буквално секаде во светот.
Новинарство на далечинско управување
Веќе има новинари кои собираат известувања од воените области со помош на беспилотни летала. Информирањето од местата каде што царува насилството повеќе нема да биде базирано само на она што властите имаат намера официјално да го соопштат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.