4 чудни британски алтернативи на Олимпијадата
Кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките Игри во 2012 година, Британците беа многу возбудени поради ретката можност да бидат домаќини на најдобрите спортисти во светот. Сепак, тие некому се трн во око, па се обидуваат тоа да го покажат организирајќи чудни, но креативни алтернативни „спортски“ игри.
Фетилимпијада
Како што кажува преводот од англиски на називот на овој „спортски“ настан, Фетилимпијадата е Олимпијада за дебели. Настанот е организиран од две феминистки кои сакаат „да се слави дебелото тело на јавно место“, а им пречи и „политиката на елитизам која преовладува во спортот“. Главната дисциплина во која посетителите ќе ги испробаат силите е тркалање по едно мало ритче во еден од лондонските паркови.
Чоколадни игри
Оние кои не сакаат да применат ригорозен режим на здрава исхрана можат да се вклучат во турнирот организиран од страна на компанијата за производство на чоколадо „Chocolate Delight“. На нивните настани ќе научат да прават најфина чоколада, а потоа ќе „спортуваат“ со она што сами го произвеле. Предвидените дисциплини се борба со чоколадо, борба со палачинки и пинг-понг со чоколатца.
Скржави игри
Невладината организација „Младите се борат за работни места“ ги организира Скржавите игри со кои сака „да ја истакне лошата ситуација во која се наоѓаат младите во Лондон во време кога се организираат скапи Олимписки игри“. Тие сметаат дека оној дел од спортските објекти кои е планирано да се рушат или да се продадат на приватниот сектор по завршувањето на игрите треба да се искористат за да се обезбеди домување по пристапни цени на оние на кои им е најмногу потребно.
Нивните натпреварувачки дисциплини се наречени скок во височина на цените на имотот и трка кон дното.
Светски алтернативни игри
На основачите на овој доста сериозен 17-дневен настан им здодеала вообичаеноста на Олимпијадите, па решиле во дивината на Велс да организираат Светски алтернативни игри во вкупно 50 дисциплини. Меѓу нив спаѓаат борење во гроб, носење на сопругата на грб, барање црви, трка со рачна количка, тркалање буриња, итн.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.