35 познати бабини деветини кои потекнуваат од Индија
Некои успокојувачки, други застрашувачки, секоја од овие бабини деветини звучи познато, а истите имаат потекло од Индија. Интересен начин да се потсетиме на овие суеверија, осмислила илустраторката Аличија Соџа од Бангалор, Индија.

Доколку не можете да заспиете навечер, тоа значи дека сте будни во нечии туѓи соништа.

Сечејќи нокти навечер ги повикувате духовите или несреќата.

Доколку првото нешто што ќе го видите наутро е метла, нешто лошо ве очекува.

Ако бебе се роди со два вртежи на темето на главата, два пати ќе се мажи/жени.

Доколку ви се истури чај додека го сипувате во шолја, имате чисто срце.

Доколку го изедете последниот залак од десерт кој го делите со некој друг, ќе имате верен сопруг.

Доколку видите виножито и си замислите желба додека допирате злато, истата ќе ви се оствари.

Доколку му дадете некому нешто во петок, никогаш нема да го добиете назад.

Доколку вторите прсти на стапалата на жената ѝ се подолги од палците, таа ќе доминира во бракот.

Доколку кивнете непосредно пред да излезете од вашиот дом, тоа носи несреќа.

Доколку си го гризнете јазикот додека јадете или зборувате, некој зборува нешто лошо за вас.
Продолжува на следната страна…