3 работи што детето ги учи додека е во утробата на мајката

3 работи што детето ги учи додека е во утробата на мајката

Научниците откриле дека луѓето можат да научат одредени работи уште пред да се родат. Звучи неверојатно? Прочитајте што учат децата додека се во утробата на мајката…

1. Препознавање вкусови

3 работи што детето ги учи додека е во утробата на мајката

Професорот Питер Хепер од Универзитетот во Белфаст сакал да дознае дали на луѓето им се допаѓа одредена храна пред раѓање. Тој спровел истражување на неколку бремени жени. Дел од нив требало да јадат лук, а другите целосно да го исфрлат од исхраната. Резултатите биле многу интересни. Децата чии мајки јаделе лук додека биле бремени, ги обожавале јадењата со лук уште кога имале 8-9 години. Истото важело и за сокот од морков. На бебињата кои имале 5-6 месеци и чии мајки го пиеле сокот додека биле бремени, многу им се допаѓал овој пијалак. Хепер тврди дека тоа е така затоа што го препознаваат истиот вкус што имале можност да го пробаат додека биле во утробата.

2. Слушање звуци

3 работи што детето ги учи додека е во утробата на мајката

Група научници од Финска спровеле експеримент во кој две групи бремени жени или слушале детски песнички по цели денови или не слушале воопшто. Резултатите покажале дека бебињата од првата група реагирале на песните, додека другата група бебиња не покажале никаква емоција. Истражувачите дошле до заклучок дека првите бебиња ги научиле песничките додека биле во утробата на мајката.

3. Препознавање говор

3 работи што детето ги учи додека е во утробата на мајката

Атена Вулуманос, психолог од Универзитетот во Њујорк ги споредила реакциите на новороденчињата на човечкиот говор и на звуците и дознала дека бебињата реагираат на говорот. Тие се дури и повозбудени кога ќе си го чујат мајчиниот јазик. Ова истражување докажало еден многу важен концепт: Доброто звучно опкружување е неопходно за неродените бебиња, бидејќи тие би можеле да имаат нарушувања во говорот доколку не го слушале човечкото говорење доволно.

Доколку наскоро ќе станете мајка, погледнете ги овие креативни начини да ја соопштите вашата бременост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар