3 милиони луѓе потврдија: Во која доба од животот имаме најголем број пријатели?

3 милиони луѓе потврдија: Во која доба од животот имаме најголем број пријатели?

Понекогаш на сите нас ни е потребно малку самотија, но човекот пред сѐ е општествено суштество и му е потребно присуство од други луѓе. Неодамнешно големо истражување открило во кои години најмалку сакаме да останеме сами.

1-3-milioni-lugje-potvrdija-vo-koja-doba-od-zhivotot-imame-najgolem-broj-na-prijateli-www.kafepauza.mk_

Пријателството била темата со кое се занимавало истражувањето спроведено на Универзитетот Оксфорд, во кое учествувале дури 3,2 милиони луѓе од европските држави. Првенствено акцентот бил на тоа во која доба од животот сме најсоцијални, а резултатите покажале дека најголем број пријатели имаме на 25 години.

Студијата исто така упатува на тоа дека полот има голема улога во тоа колку пријатели ќе имаме, односно дека мажите имаат повеќе пријатели од жените.

После 25-та година бројот на пријатели започнува да опаѓа, што е и разумно, бидејќи во доцните дваесетти поголемиот дел од луѓето влегуваат во брак и основаат семејство, заради што имаме помалку време за пријателски дружења.

Иако после 25-тата година бројот на пријатели започнува да опаѓа, тоа не значи дека до крајот на животот ќе остане така. Всушност, истражувањето покажало дека во 45-тата година бројот на пријатели повторно започнува да расте, односно децата повеќе не зависат од родителите и повторно ќе имате повеќе време за пријателите и заедничките дружења.

Дознајте ги клучните причини зошто високо интелигентните личности имаат помалку блиски пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар