29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Кога сте го добиле првиот компјутер, или првата конзола за играње, сигурно едвај сте чекале да се вратите од училиште и да убиете неколку чудовишта. Можеби и сега кога сте возрасни играте видео игри, но зошто да не се вратите назад во времето и да се потсетите на омилените игри од вашето детство?

1. Crash Bandicoot (1996-1998)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Сите игри од овој серијал имаа некоја заразна формула која ве тера да ја играте играта одново и одново. Без разлика колку пати сте поминале некое ниво, сигурно имало место на кое сте заглавувале.

2. Pokemon Stadium (1998)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Најзабавниот дел од играта се мини-игрите. Сигурно ви се случило да ви „замрзнe“ конзолата кога сте победувале во некоја од нив.

3. Spyro the Dragon (1998)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Оваа игра е вистинска авантура. Можевте да испуштате оган, да одите на нови локации и да собирате скапоцени камења со вашето пријателче Спаркс. Покрај тоа, графиката е одлична ако се земе предвид колку е стара играта.

4. Mario Kart 64 (1997)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Оваа игра е тест на пријателството. Сигурно сте се нервирале кога сте биле прво место и кога одеднаш ќе ве удри сина школка.

5. Prince of Persia: The Sands of Time (2003)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Одличен гејмплеј, интересна приказна, и најдобро од сè – имавте нож со кој го враќавте времето.

6. The Sims (2000)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Сигурно барем еднаш сте ги прегладнеле или изгореле вашите „Симсови“. Но покрај тоа, навистина е забавно да направите семејство кое живее совршен живот, се разбира со помош на неколку кодови за мамење.

7. Digimon Rumble Arena (2002)

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Ако сте биле голем фан на Дигимон, сигурно сте ја играле оваа игра. Борбите и чекањето на совршениот момент за еволуирање биле вештини кои сигурно сте ги поседувале.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар