25 најшокантни откритија од изминатата година - Part 4

25 најшокантни откритија од изминатата година

19. Пештерска риба што оди по ѕидови

(20)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Откриена е тајванската пештерска риба што има многу заеднички особини со водоземците и влекачите. Уште една алка во синџирот на еволуцијата.

20. Проксима Б

(21)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Ова е егзопланета која ја обиколува нашата најблиска ѕвезда и можно е да поддржува живот. Ова е возбудливо бидејќи може да биде знак за вонземски живот на помалку од 5 светлосни години!

21. ГК-ПИД

(22)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Научниците откриле дека пред околу 800 милиони години, мала генетска мутација во древниот молекул на ГК-ПИД им овозможил на организмите од едноклеточни да станат повеќеклеточни. Едноставно, ова го овозможило настанокот на животот кој постои денес.

22. Пердув од диносаурус

(23)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Како сцена од Паркот Јура, еден палеонтолог пронашол добро зачуван пердув од диносаурус на пазар за смола во Бурма. Стар е 99 милиони години!

23. Вирусот Зика

(24)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Не станува збор за откривањето на вирусот Зика. Овој вирус прв пат бил идентификуван во Уганда во 1940-тите години. Она за што станува збор е откритието дека Зика предизвикува микрокефалија и други дефекти при пораѓај. Чудно е што вирусот е познат веќе 70 години, а за него се знае толку малку. Причината е тоа што пред епидемијата се сметало дека се наоѓа само во Уганда, а во САД само еден човек работел на овој вирус.

24. Водно коњче 44

(25)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Галаксија што емитува 1% од светлината на Млечниот Пат. Научниците утврдиле дека оваа галаксија може да е составена од 99% темна материја.

25. Вертикално слетување на ракети

(26)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mk

Иако сме виделе стотици слетувања на ракети во секој научно фантастичен филм, во реалноста ракетите се фрлаат во океанот. Благодарение на Елон Маск и SpaceX, се случи првото успешно вертикално слетување на ракета.

Погледнете ги и овие навидум фантастични откритија кои се иднината на технологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар