25 морничави искуства со парализа во сон
Дали ви се има случено да се разбудите, но да не можете да мрдате или да зборувате, да имате некаква тежина на вашите гради и да гледате ужасни нешта околу вас? Ако одговорот е да, не сте сами. Она што сте го искусиле е парализа во сонот, нарушување за кое многумина веруваат дека е како демонско искуство. Сепак, овде не станува збор за ништо натприродно, туку неспособност да се премине од една фаза на спиење во друга. Исто така, нарушувањето е многу често – околу 4 од 10 луѓе ќе искусат парализа во сонот барем еднаш во текот на нивниот живот. Па, ако сакате да знаете како изгледа ова, следуваат неколку страшни приказни што ги раскажуваат корисниците на Редит од сопствени искуства. Па, ако вечерва не планирате да спиете, прочитајте ги најморничавите искуства од ова нарушување.
1. Темно суштество
Еден од корисниците на Редит како дете често доживувал парализа во сонот. Се будел легнат на грб и гледал темно суштество во аголот од собата. Се обидувал да вика или да зборува, но не можел. Кога ќе успеел да помрдне прст, суштеството се движело кон него.
2. Луциден сон
Друг пак, често пробувал луцидно сонување со звук со посебна бранова должина на неговиот телефон. Во текот на ноќта, неговите очи се отвориле, но не можел да ги мрда. Здогледал грдо суштество од 2 метри, а потоа слушнал и некои чудни звуци. По овој настан, се откажал од луцидните соништа.
3. Парализа во сонот на 10-годишна возраст
Овој корисник го искусил ова кога имал само 10 години. Дремел пред да тргне на училиште и се разбудил борејќи се за воздух. Врз него имало некаква тежина, а сè околу него изгледало портокалово.
4. Парализа за време на дремка
Бидејќи секој пат кога дремел доживувал парализа во сонот, еден корисник на Редит успевал да ги мрда прстите на своите нозе за да ѝ каже на девојка му дека му се случува нешто.
5. Добра ноќ
За друг, првото искуство било најстрашно. Го почувствувал вообичаеното – тежина на градите и неспособност за мрдање, но слушнал и глас кој му рекол: „Дојдов само да ти посакам добра ноќ.“
6. Темна жена
Еден маж го доживувал ова 2-3 пати месечно и слушал женски глас кој му велел: „Врати се на спиење“ или „Добра ноќ, злато.“
7. Комбинација на реалност и сон
Една девојка се соочувала со ова нарушување целиот свој живот, но никогаш не можела да побара помош. Една вечер здогледала маж кој бил облечен во црно и одел кон неа. Овој пат успеала да викне и открила дека мажот бил вистински. Нејзините родители веднаш повикале полиција, но човекот не бил фатен.
8. Постојана парализа во сонот
Овој човек постојано доживувал парализа во сонот, па веќе се навикнал на појавите. Еднаш гледал девојче кое сакало да го задави, друг пат слушал тропање на неговата врата. Тој изјавил дека тоа што не може да побара помош го плаши најмногу.
9. Киднапирање од вонземјани
Кога еден од корисниците на Редит се разбудил, сфатил дека не може да мрда. Тогаш слушнал глас кој извикал: „Внимавај, буден е!“ Забележал дека е врзан за некој стол и дури помислил дека е киднапиран од вонземјани. Кога разгледал наоколу, сфатил дека станува збор за парализа во сонот.
10. Мјаукање
Најстрашното искуство за овој човек било кога слушнал мјаукање и почувствувал како мачка скокнала врз него. Корисникот никогаш не чувал мачка.
11. Старата куќа на дедо
Додека дремел во куќата на дедо му, еден од корисниците на Редит слушнал гласови кои наликувале на смеење и извици од болка. Потоа се отворила вратата од гардероберот и забележал пар црвени очи кои гледале во него, а зборот „пекол“ постојано бил повторуван.
12. Собата на сестрата
Оваа девојка често го имала ова нарушување и еднаш здогледала темна фигура како скока низ собата. Она што е уште почудно е што нејзината сестра го сонувала истото.
Продолжува на следната страница…