25 луди факти за резервоарите за сензорна депривација - Part 2

25 луди факти за резервоарите за сензорна депривација

13. Помага во борбата против зависност

Резервоарите за сензорна депривација ги отстрануваат сите нешта што го одвлекуваат вниманието и му помагаат на пациентот да влезе во медитативна состојба. Според едно истражување, тие им помогнале на многу пушачи да ги откажат цигарите.

14. Креативност

Ако ви е потребна доза креативност, наводно овие резервоари можат да ви помогнат. Додека сте внатре, вашиот мозок создава побавни бранови слично како пред да заспиете. Кај многу пациенти се појавувале слики, интензивни мисли и инспирација.

15. Здравје на срцето

Секој сака здраво срце, но стресот може да предизвика многу проблеми. Според едно истражување, овие резервоари го намалувале крвниот притисок со тоа намалувајќи со стресот и подобрувајќи го сонот. Можеби ова е начин да се спречат некои срцеви болести.

16. Опасности по здравјето

Иако има некои здравствени придобивки, постојат и опасности. Се покажало дека и покрај чистењето можно е да останат микроорганизми од други пациенти. За овие резервоари обично не се користи хлор.

17. Поп култура

Тие се појавуваат во неколку филмови и серии. Можеби едно од најпознатите појавувања е во ТВ серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things).

18. Халуцинации

Поради недостатокот на стимули, неретко луѓето халуцинираат кога се внатре. Истражувачите сметаат дека ова е поради феноменот познат како „набљудување на лажен извор“ каде што мозокот не може да го идентификува изворот на искуството.

19. Други димензии

Долго време постои мит според кој овие резервоари можат да ве испратат во други димензии. Џон К. Лили тврдел дека често патувал во други димензии, разговарал со други суштества и напредни цивилизации. Најверојатно станувало збор за халуцинации.

20. Цена

Цената на ова искуство се движи од 40 до 90 евра за 1 час. Ако сакате да го купите резевоарот ќе треба да одвоите околу 32.000 евра.

21. Неодамнешна популарност

Иако постојат подолго време, овие резервоари станаа многу популарни изминатава деценија. Во 2011-та година постоеле само 85 спа центри кои ја нуделе оваа терапија. Бројката пораснала на 300 до 2015-та година.

22. Необична смрт

Нема многу смртни случаи поврзани со овие резервоари. Според Националниот институт за здравје една жена умрела во еден резервоар поради измешани лекарства, труење со етанол и хипотермија.

23. Не се за домашна употреба

Иако не е потребно многу за да направите ваш резервоар за сензорна депривација, најдобро е да го направите тоа под надзор на експерт.

24. Потребни се повеќе истражувања

Научниците продолжуваат да истражуваат за придобивките од овој изум. Сепак овие истражувања се во рана фаза. Многумина се надеваат на позитивни резултати.

25. Официјална лабораторија за истражување

Местото кое целосно се фокусира на истражување на резервоарите за сензорна депривација е Истражувачкиот центар и институт за мозочни истражувања. Овде резервоарите не се целосно затворени и се наменети за луѓе со сериозна анксиозност.

Погледнете го и ова видео за повеќе информации…

Прочитајте и нешто повеќе за човечките сетила за кои веројатно не сте слушнале досега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар