25 луди факти за резервоарите за сензорна депривација

25 луди факти за резервоарите за сензорна депривација

Резервоарите за сензорна депривација ја зголемуваат својата популарност. Со многуте нови истражувања, се зголемува побарувачката за овој вид терапија. Можеби имате, а можеби и немате слушнато за овие резервоари. Иако не се точно докажана наука, сепак постојат некои истражувања. Па, прочитајте ги овие факти кои ќе ви помогнат подобро да ја разберете позадината зад оваа технологија.

1. Психоделични почетоци

Првиот човек кој создал резервоар за сензорна депривација е невронаучникот Џон К. Лили. Мешајќи наука со психоделични дроги и духовност, тој создал нешто навистина интересно. Тој ги користел резервоарите дури и под дејство на дрога.

2. Првите резервоари

Денешните пациенти лежат на грб во солена вода, но на почетокот тие биле целосно потопувани и носеле маски за кислород.

3. Температура на водата

Многу луѓе кои прв пат го пробуваат ова се прашуваат дали водата е премногу топла или студена. Температурата на водата обично изнесува околу 34 степени Целзиусови. Целта е да ви биде удобно и да не ја забележувате.

4. Пловење

Поради големата концентрација на сол, пациентите не потонуваат туку пловат во овие резервоари. Постои поголема опасност да ви влезе сол во очите отколку да потонете во овој резервоар.

5. Сетила

Овие резервоари се дизајнирани со цел да ги отстранат или намалат повеќето од сетилата, вклучувајќи ги и оние за мирис и вкус. Луѓето кои ги пробале велат дека речиси и да не гледаат и да не слушаат ништо, а ефектот бил навистина релаксирачки.

6. Време поминато во резервоарот

Не постои познат рекорд за време поминато во резервоарите. Но покрај евентуалните паузи за тоалет и храна, можете да останете колку што сакате.

7. Нега на кожата

Бидејќи пловите во вода, можно е да бидете загрижени за штетата која настанува на кожата. За среќа, нема никакво оштетување. Всушност, многумина изјавиле дека нивната кожа била посвежа и помека по завршувањето на терапијата.

8. Губење значи губење

Бидејќи многу од овие резервоари се наоѓаат во спа центри, некои луѓе очекуваат музика или релаксирачки звуци. Всушност, овде нема музика, водена медитација или светло. Резервоарите се целосно тивки и темни.

9. Очекувањата се сè

Вашето искуство најмногу ќе зависи од вашиот поглед кон резервоарите и вашите очекувања. Истражувањата откриле дека бидејќи сме програмирани да обрнуваме внимание на многу стимули, целосното отстранување на сетилата предизвикува релаксација.

10. Намален стрес

Бидејќи резервоарите ве релаксираат, многумина тврдат дека чувствувале помалку стрес по терапијата. Оваа состојба му овозможува на нервниот систем да се релаксира и ја намалува анксиозноста.

11. Намален симптоми на депресија и посттрауматски стрес

Според еден извештај, австралиски војник кој се вратил од Авганистан страдал од посттрауматски стрес и решил да ја проба оваа терапија. По 3 месеци многу од неговите симптоми исчезнале.

12. Намалена болка

Луѓето кои страдаат од мигрена и други хронични болки често се чувствуваат беспомошно. Една жена тврдела дека нејзината мигрена значително се намалила по само една терапија. Според едно истражување од Националниот институт за здравје, пациентите кои учествувале во истражувањето искусиле намалување на болката и мускулната напнатост.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар