25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот
21. Пирамидите во Гиза, Египет
Изградени помеѓу 2550 и 2490 година п.н.е., овие пирамиди се белег од историјата на древен Египет. Иако искуствата на туристите не се најдобри во изминативе неколку години, а на моменти посетите биле и опасни, важно е да знаете дека безбедноста е зголемена и местото повторно си ја враќа популарноста.
22. Малдиви
Со некои од најубавите плажи на светот, секоја година илјадници туристи се упатуваат кон овој остров јужно од Шри Ланка.
23. Долина на споменици, Јута
Долината на споменици се состои од големи зданија од песочен камен кои достигнуваат и до 305 метри.
24. Островите Фи Фи, Тајланд
Иако биле опустошени од цунамито во 2004-та година, овие острови ја задржале нивната надреална убавина. Покрај тоа овде е снимен познатиот филм „Плажа“ (The Beach) со Леонардо Дикаприо.
25. Поларна светлина
Постојат многу места од каде што можете да сведочите на оваа неверојатна појава. Северниот дел од скандинавските држави, Канада, Алјаска… Ако ви треба нешто навистина неверојатно, овој феномен нека биде на врвот на вашата листа.
Доколку барате поблиска дестинација, погледнете кои се најубавите плажи на Балканот.