25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот
11. Метеора, Грција
Надреалните манастири Метеора во Грција првично биле изградени од свештениците како засолниште од турските натрапници. До пред 100 години немало начин да стигнете до нив освен со скали од јаже. Денес има жичара, а можете да се качите и по скалите издлабени во карпата.
12. Салар де Ујуни, Боливија
Лоцирана во југозападна Боливија, Салар де Ујуни е најголемата солена пустина во светот. Иако можеби зборовите „солена пустина“ нема да ве воодушеват, фотографиите од ова место ќе ви го променат мислењето.
13. Преикестолен, Норвешка
Оваа карпа со висина од 600 метри е одлична за луѓето кои уживаат во епските пејзажи и не им е проблем планинарењето. Постојат многу тури и активности во оваа област, вклучувајќи и фестивал на планинарењето.
14. Плитвички Езера, Хрватска
Сигурно веќе сте слушнале за ова неверојатно место. Плитвичките Езера се 16 разни езерца поделени на повисоки и пониски базени со природни брани од алги и мов.
15. 12-те апостоли, Австралија
Оваа колекција карпи од варовник се наоѓа во националниот парк Порт Кампбел во Австралија и годишно привлекува околу 2 милиони туристи. Овде ви се нудат многу активности, вклучувајќи и летање со хеликоптер.
Продолжува на следната страница…