20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност

20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност

Колку ужасно место за живеење би бил светот без креативните луѓе. Можете ли воопшто да замислите живот без уметност? Погледнете кои се знаците кои укажуваат на тоа дека сте креативна личност.

20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност

1. Проблем со авторитети

Креативните луѓе не сакаат да бидат во подредена позиција и повеќе сакаат кога самите си ги поставуваат правилата и должностите.

2. Тешко се поврзувате со други луѓе

Многумина сакаат да се вклопат во одредена заедница и ќе направат сѐ за да успеат во тоа, а креативните луѓе баш и не го разбираат тоа.

3. Сакате да решавате проблеми

Додека повеќето бегаат од проблемите, ваквите луѓе на нив гледаат како на уште еден предизвик.

4. Самите на себе сте си најголемиот критичар

Овие луѓе ќе направат некое креативно дело, на почетокот ќе бидат задоволни, а по некое време ќе најдат илјадници маани и начини на кои можело да биде направено уште подобро.

5. Поставувате прашања

Креативните луѓе сметаат дека оној што не е љубопитен, нема капацитет за создавање нови нешта.

20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност

6. Носите тетратка каде и да одите

Бидејќи како на друг начин би ги запомниле сите прекрасни идеи кои ќе им паднат на ум.

7. Наоѓате убавина во секојдневието

Креативните луѓе живеат во сегашноста и постојано се воодушевуваат на сето она што ги опкружува.

8. Отрпнати сте на одбивање

Одбивањето и потценувањето на работата на уметниците навистина може да биде болно на почетокот. Но, со текот на времето тие разбираат дека секој има различен вкус, се соземаат и продолжуваат понатаму.

9. Ја разбирате важноста на атмосферата

Креативните луѓе ѝ даваат голема важност на атмосферата. Постои причина зошто некои писатели поубаво творат на плажа, во некое кафуле или на клупа во паркот.

10. Мислите дека повеќето луѓе немаат вкус

Тие мислат дека музиката, филмовите и книгите во кои другите уживаат се ужасни.

20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар