20 вистини за животот што ќе ви помогнат да го разберете подобро

20 вистини за животот што ќе ви помогнат да го разберете подобро

Овие 20 вистини за животот ќе ве натераат да размислите за некои работи и да почнете да го живеете со полни гради.

20 вистини за животот што ќе ви помогнат да го разберете подобро

1. Вашата банкарска сметка или физичките атрибути не откриваат ништо за вашиот карактер. Нема ништо духовно во тоа дали имате пари или не, дали работите или не, што јадете или не јадете.

2. Единствено што е важно е чистотата на вашето срце. Можеби мислите дека луѓето ги гледаат вашето тело и вашето лице, но она што тие навистина го гледаат е вашата душа.

3. Вие не заслужувате љубов од друга личност. Мора да ја заработите. Треба да дадете љубов и да изберете личност што ќе ви ја возврати таа љубов.

4. Вие, сепак, ја заслужувате својата љубов. Вие заслужувате да си дадете среќа и радост, во која било форма. Тоа е само ваш живот и вие заслужувате да верувате во она за што сте способни.

5. Понекогаш работите ќе ги правите чисто за пари. Понекогаш ќе ги правите затоа што срцето така ви кажува. Не е секогаш потребно да заработите пари правејќи го она што го сакате.

6. Не може да бидете благодарни само за работите за кои сметате дека се позитивни. Треба да бидете благодарни за вашата тага и за вашата болка. Треба да ги научите лекциите и да бидете благодарни без разлика во каква форма биле.

7. Развојот е процес што се случува додека сте во темнина. За да продолжите напред, мора да осветлите некои делови од вас што сте ги криеле дотогаш.

8. За да се лекувате, мора да се прочистите. Мора да го испразните срцето сè додека не биде подготвено повторно да се наполни со нешто подобро. Единствениот излез од темнината е преку тунелот, чекор по чекор.

9. Ако ве интересира како да го промените светот, еве како: секој ден стремете се да бидете причината поради која некој друг ќе верува во добрината на луѓето. Користете ги вашите зборови за заздравување, а не за отворање рани. Бидете нечија приказна што луѓето ќе ја повторуваат кога ќе ја изгубат вербата во светот.

10. Зборовите повредуваат. Зборовите болат. Имаат моќ. Тие се оружје или херои, во зависност од тоа како ги користите. Користете ги мудро.

11. Вашите мисли може да ве затвораат ако не ги контролирате. Минатото што ви предизвикува гнев, тага, бес, љубомора или вина може да ве проголта цели ако не сте свесни за начинот на којшто тоа ткае лажна приказна во вашиот ум. Самосвеста ќе ве ослободи.

12. Единствениот начин да бидете вистински среќни е да го исклучите светот и да го слушате внатрешниот глас. Овој свет ќе ве научи на еден пат до среќата и на крајот на тој пат многумина се мизерни, поразени и гневни. Создајте свој пат.

13. Не живејте за викенд. Ако не можете да најдете радост во другите пет дена од неделата, нешто треба да промените веднаш. Не чекајте да ви се промени животот. Променете ги околностите или променете го вашето мислење за околностите. Барајте секојдневна радост.

14. Не бирајте живот во кој постојано ќе гледате во часовникот. Чекајќи времето да помине, го трошите поголемиот дел од животот. Следете го патот на страста. Посветете го вашето време на нешто надвор од себе. Најдете време. Немојте да ги поминувате деновите чекајќи да умрете.

15. Ништо не е повеќе важно од тоа како се однесувате кон луѓето. Тоа е сè што другите ќе запомнат за вас. Никој не се грижи како изгледате, каков автомобил возите или каква чанта имате. Сето тоа е фасада, која нема никаква врска со тоа како се однесувате кон другите.

16. Никогаш не се вљубувајте во некој што е груб кон луѓето што работат во услужната дејност. Начинот на кој се однесуваат кон луѓето што не се обидуваат да ги импресионираат е истиот на кој ќе се однесуваат со вас на крајот. Вие не сте исклучок.

17. Љубовта е свесен избор што го правите секој ден со личноста со којашто сте. Понекогаш тој избор е лесен, а понекогаш не. Она што ја дефинира вашата врска е она што го правите кога тој избор не е лесен.

18. Престанете да ги откажувате плановите со луѓето. Еден ден, тие едноставно ќе престанат да ве бараат, а вие ќе се прашувате каде отидоа вашите пријатели.

19. Секој збор што ќе го кажете, особено на Интернет, има многу силен ефект. Тоа што го кажувате влијае на некој друг. Ако мислите дека тоа што го пишувате на Интернет не е важно, не сте во право. Тие зборови се важни затоа што некој ги чита. Бидете внимателни и престанете да мислите дека вашата грубост нема да има последици.

20. Спасете се. Единствената личност што може да ве ослободи од вашата болка сте вие. Вие сте единствената личност што треба да го живее вашиот живот. Направете дом внатре во себе и дозволете им да влезат само на оние што се вредни за вашето внимание.

Прочитајте ги овие 8 животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар