20-те најневеројатни изуми за 2015 година
Дизајнерите се одлични луѓе. Тие деноноќно размислуваат како да ни ги направат животите попријатни, поудобни и поинтересни.
Избравме 20 од најинтересните нешта кои тие ги смислија изминатава година, за што им оддаваме признание за креативност, иновативност и практичност.
1. Уред кој покажува какво време нè чека следниот ден
Овој уред се нарекува Tempescope и е измислен од софтверскиот инженер Кен Кавамато. Стилски и практичен, совршен за секој дом.
2. Шолји-огледала
Идејата и дизајнот се на јапонскиот дизајнерски тим D-Bros, а името на овој изум е Waltz. Шолјите ги рефлектираат шарите на тацните под нив и така засекогаш го решаваат проблемот со совршениот комплет за сервирање кафе или чај.
3. Седло за родители
Ако во минатото болките во грбот беа честа појава кај родителите бидејќи ги носеа децата на грб, тоа повеќе не е случај. SaddleBaby е името на новото седло за родители кое прави да им биде поудобно и на децата и на родителите.
4. Чевли со потпетици кои се вадат
Благодарение на дизајнерката Тања Хит, жените повеќе не мора да се плашат како ќе ја издржат цела вечер на високи потпетици. Овој изум е таков што ви дозволува да ги извадите високите потпетици од чевлите кога ќе ве заболат нозете или едноставно кога ќе посакате модерни балетанки наместо чевли со штикла. А најубавото е што потоа можете да ставите други потпетици и повторно да изгледате неверојатно.
5. Чешма која штеди вода на прекрасен начин
Оваа еко-чешма е изум на дизајнерот Симин Кју и штеди дури до 15% повеќе вода од класичните чешми така што го претвора млазот вода во прекрасна водена мрежа.