20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

Понекогаш навистина не е едноставно да се нема филтер и да се каже сè она што ви паѓа на памет, но вистинските луѓе знаат како да ја ценат оваа ваша карактеристика. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве 20 нешта кои можат да ги разберат само оние девојки кои се без влакна на јазикот…

20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

1. Луѓето пред сè ве познаваат по вашиот јазик

Вие не сте сигурни дали ова е добро или лошо, но верувате дека сигурно е подобро од пасивно-агресивното однесување.

2. Кога луѓето сакаат да ја слушнат најискрената вистина, веднаш се упатуваат кај вас

Вие сте првиот избор кога станува збор за студената и сурова вистина. Ова всушност е неверојатен комплимент бидејќи постојат премногу луѓе кои не можат да ја разликуваат вистината од лагата.

3. Вие откривате премногу, пребрзо

И покрај тоа што луѓето можеби веруваат во спротивното, вие сакате тие да знаат повеќе за вас отколку помалку. Времето е бесценето, па зошто би го трошеле на луѓе кои не ве ценат целосно?

4. Знаете кои се вашите вистински пријатели

Кој друг би го толерирал вашето постојано необично и по малку напорно однесување? Па, вашите вистински пријатели секако.

5. Вашето мото е „сè или ништо“

Не постои златна средина кога станува збор за она што го размислувате и она што го кажувате. Вие го живеете животот во екстреми и не сакате да се промените, дури ни кога правите вашите пријатели да се чувствуваат непријатно.

(2) 20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

6. Не верувате во кажување лаги

Кој има време да кажува лаги и потоа постојано да се обидува да не ги заборави? Токму затоа вие сте секогаш директни и искрени.

7. Станувате авторитет во секоја ситуација

Поради некоја причина вашите вештини за говорење ве претвораат во лидер каде и да одите.

8. Од вас истовремено се плашат, но и ве сакаат

Накратко, вие можете да направите сè што сакате и повторно да го добиете тоа што ви е потребно без притоа да налутите никого.

9. Не разбирате какво е чувството да се премолчи нешто

Вам едноставно навистина не ви е јасно како можат луѓето во одредени ситуации да се воздржат и да не го кажат тоа што им паднало на памет.

10. Луѓето се плашат да западнат во непријатни ситуации кога сте вие во нивна близина

Бидејќи вие никогаш нема да дозволите да се заборави тоа.

(3) 20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

11. Вие сте личност од доверба, која е многу отворена за себе

Дури и покрај тоа што немате филтер и ретко кога можете да премолчите нешто поврзано со вас, вие немате проблем при чувањето на тајните на вашите пријатели, па токму затоа и тие ви се доверуваат.

12. Успевате да се справите со непријатните ситуации на сите околу вас

Вие сте буквално гласот на разумот. Доколку некој доживее непријатна ситуација, вие секогаш сте тука да ја преземете одговорноста и да ја „спасите“ оваа личност.

13. Понекогаш вашата страст е помешана со суровост

Во денешно време многу е лесно да се навреди некој, па токму затоа вие често се наоѓате во такви ситуации.

14. Ги вадите на виделина екстремите на сите околу вас

Вие сте онаа пријателка покрај која сите прават луди глупости. Поради некоја причина, вие сте оние кои ја подобруваат самодовербата на другите.

15. Единствените филтри кои ги користите се на вашиот Инстаграм профил

Но, дури и тогаш користите хаштаг „без филтер“!

(4) 20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

16. Вашите пријатели не мора да размислуваат два пати пред да кажат нешто пред вас

Ништо што другите можат да го кажат не може да ве изненади. Вие сте ги слушнале дури и најлошите нешта и дефинитивно сте ги кажале, па токму затоа и сте рамнодушни на таа тема.

17. Вие го имате последниот збор за партнерите на вашите пријателки

Доколку вашите пријателки сакаат искрено размслување за момчето со кое се состануваат, тие ќе ве прашаат за вашето мислење и со сигурност ќе го послушаат вашиот совет.

18. Вие сте секогаш таа која порачува пијачки во бар

Кој друг е подобро опремен да се истурка низ гужвата и да го привлече вниманието на шанкерот?

19. Вие доаѓате со упатство за употреба

Пред вашите пријатели да ве запознаат со нова личност, тие прво мора да го/ја предупредат за вашата голема уста со цел да не го/ја изненадите.

20. Вие не се согласувате добро со авторитетите

Ова е еден од вашите најголеми проблеми со кој се соочувате дури од основно училиште кога постојано ве бркале од час и ве праќале кај директорката за несоодветно однесување во училиштето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар