20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе

20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе

Премногу креативните луѓе мислат и дејствуваат поинаку од просечниот човек. Ако околу себе имате ваква личност, сигурно сте искусиле моменти кога ви се чинело дека тие живеат во сосема поинаков свет од вас. Па, не сте се излажале. Вистината е дека тие го гледаат светот со поинакви очи, а во продолжение ви наведуваме 20 работи коишто треба да ги знаете за нив.

1. Нивниот ум никогаш не се изморува

Креативниот ум постојано е поткрепен со љубопитност, тука нема копче за пауза и иако понекогаш ова може да биде исцрпувачки, исто така може да биде извор на луди и забавни активности и разговори.

2. Ги предизвикуваат константните работи

Две прашања ги разликуваат креативните луѓе од другите: „Што ако?“ и „Зошто да не?“ Додека за другите околу нив ова може да биде непријатно, за креативните луѓе ова е прилика да откријат што се во можност тие да направат.

3. Ја прифаќаат својата генијалност, иако другите не го прават тоа

Креативните луѓе повеќе сакаат да бидат автентични, отколку популарни. Остануваат верни на себе, без компромиси, дури и ако бидат погрешно разбрани и маргинализирани од останатите.

4. Имаат проблеми со постојаното останување на една задача

Премногу креативните луѓе се полни со енергија и се подготвени да започнуваат нови работи. Постојаните проекти за нив претставуваат здодевност, пред сè поради тоа што нивното внимание повеќе е привлечено од нови и возбудливи работи.

5. Создаваат во циклуси

Креативноста има ритам којшто минува низ периоди од неколку активности, а секој период е потребен и не смее да се прескокнува, исто како и природните сезони коишто се меѓусебно зависни и неизбежни.

6. Ним им треба време да ги нахранат своите души

На креативните луѓе честопати им е потребно да го обноват својот извор на инспирација, па затоа тие одвреме-навреме сакаат да остануваат сами.

7. Ним им треба простор за да создаваат

Вистинската околина е од суштинско значење за да се достигне врвот на креативноста. За некого тоа може да биде одредено студио, кафуле или пак тивко место во куќата. Без разлика каде и да е тоа, потребно е да се почитуваат нивните барања и граници.

8. Се фокусираат интензивно

Креативните луѓе го игнорираат светот кога се фокусирани на работата. Тие не можат да се фокусираат на повеќе работи истовремено, а откако ќе бидат прекинати, ним им треба дваесет минути за повторно да се фокусираат на работата, дури и прекинот да траел само дваесет секунди.

9. Чувствуваат длабоко

Креативноста претставува начин на длабоко комуницирање и изразување. Еден писател мора да ѝ вика на една страница, ако сака да биде слушнат неговиот шепот. На ист начин, креативните луѓе мора да чувствуваат длабоко, ако сакаат да комуницираат длабоко.

10. Живеат на работ на радоста и депресијата

Затоа што чувствуваат длабоко, креативните луѓе честопати може да се префрлат од радост во тага, па дури и во депресија. Нивното чувствително срце е извор на нивното страдање.

11. Мислат и зборуваат во приказни

Креативните луѓе, посебно уметниците, знаат дека приказните може да допрат до човечкото срце, па затоа сè што прават го претвораат во приказна. Ним им е потребно повеќе време за да објаснат нешто, но суштината не е во објаснувањето, туку во искуството.

12. Секојдневно се борат со отпорот

Креативните луѓе секое утро се будат со помислата дека треба да напредуваат. Но, секогаш постои стравот дека нема да успеат. Без разлика колку една личност е успешна, ваквиот страв никогаш не исчезнува.

13. Ја сфаќаат работата премногу лично

Креативната работа е одраз на личноста којашто ја создава. Затоа, честопати тие не се во можност да ја одвојат својата личност од работата.

14. Имаат потешкотии да веруваат во себеси

Дури и навидум самоуверените креативни луѓе честопати се запрашуваат: „Дали сум доволно добар?“ Тие постојано ја споредуваат нивната работа со другите и не успеваат да го согледаат својот успех, иако тој може да е очигледен за останатите.

15. Тие се длабоко интуитивни

Креативните личности инстинктивно знаат како да реагираат во одредени ситуации. Тие ќе ви речат дека тоа не може да се разбере, туку само да се искуси.

16. Честопати одложуваат

Тие честопати потсвесно, а понекогаш и намерно ја одложуваат својата работа до последниот момент, едноставно да им биде повозбудливо.

17. Тие се зависни од креативноста

Креативните луѓе се зависни од возбудата која доаѓа со создавањето нови нешта.

18. Имаат потешкотии со завршување на проектите

Почетната фаза на креативниот процес е брзото движење и искусувањето на возбудата. Честопати креативните луѓе ќе се откажат од проектите со коишто многу добро се запознаени, со цел да ја доживеат возбудата којашто ја носат новите почетоци.

19. Ги согледуваат работите подобро од другите

Креативните луѓе ги согледуваат работите уште пред да станат очигледни за другите.

20. Тие никогаш нема да пораснат

Креативните луѓе го спознаваат светот низ детски очи. За нив животот е вистинска мистерија и авантура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар