20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014 - Part 4

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

16. Направете место за женските суперхерои

Иако сè уште не се излезени, Марвел Студиос оваа година објави дека во 2017 три големи женски суперхерои ќе ги заземат големите платна. Целата поента е во тоа што жените нема да бидат само жртви на кои им треба спасување, туку ќе ја имаат улогата на суперхерои.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

17. Се поттикнаа акции со цел интернетот да биде побезбедно место за жените

По многу случаи на крадење голи слики од познати личности и нивна злоупотреба, Твитер реагираше здружувајќи ги силите со други организации и медиуми. Така, борбата против ваквата злоупотреба стана поефикасна и применлива во реалниот живот, со други зборови, не остана нешто што само бескорисно се промовира на социјалните мрежи. Излезе и книга од Даниел Китс, професор по право, „Криминалот од омраза во сабјбер просторот“ (Hate Crimes in Cyberspace), со што се презеде акција против злоупотребата на жените на ваков начин.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

18. Многу познати личности зазедоа феминистички улоги

Сега како никогаш порано девојките слободно се нарекуваат себеси феминистки. Многу познати личности го поттикнаа овој „тренд“, како Тејлор Свифт, Бијонсе, Елен Пејџ, Лина Данам, Ема Ватсон и Ејми Полер.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

19. Џенет Јелен станува првата жена-претседател на федеративниот банкарски систем

Економистката Џенет Јелен стана 15-тата личност а воедно првата жена која ја доби главната фотелја на федеративниот банкарски систем на САД, во февруари оваа година. Јелен била единствена жена меѓу дипломците од нејзиниот клас на Јејл, и една од двете жени на економскиот факултет во Харвард. Моментално Јелен ја има најтешката работна позиција во Вашингтон.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

20. Се подигнува свеста за сексуалните напади во универзитетските кампуси

Сексуалните напади отсекогаш се случувале, но оваа година Белата куќа наголемо се заложи за спречување на истите, казнување на сторителите, отворена исповед на жртвите, или со еден збор, излегување од сенка на овој голем проблем кој со години се криел и потиснувал. Се надеваме дека за брзо вакви големи и значајни подвизи ќе се случат и кај нас бидејќи сексуалните напади се можеби и најголемата закана за девојките и жените.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар