20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014
6. Сериите на Шонда Рајмс преовладуваа на телевизиските екрани
Од „Вовед во анатомија“ до „Како да се извлечеш неказнет за убиство“, сериите на Шонда Рајмс дефинитивно владееја на телевизиските екрани. Нејзините серии се контроверзни, рушат стереотипи, неретко црни жени се во главните улоги, а не се исклучени и жешки секс-сцени.
7. Мишел Хауард станува прва жена командант со 4 ѕвезди во историјата на американската воена морнарица
Во 238-годинишната историја на американската воена морнарица, никогаш немало жена-офицер со 4 ѕвезди. Во јули оваа година Хауард стана првата жена која се закити со титула од ваков ранг.
8. Лаврн Кокс беше на насловна на магазинот Тајм
Ѕвездата од серијата „Портокаловата е новата црна“, за магазинот Тајм отворено прозборе за тоа како е да се биде црнец-транссексуалец и за тоа како успеала да ја најде својата среќа и покрај сите осудувања. Кокс е првиот транссексуалец номиниран за ЕМИ награда.
9. Габори Сидиби „растури“ на Твитер
Прекрасната Габори самоуверено позираше на црвениот тепих за наградите Златен глобус оваа година. Сепак, не стивнаа негативните коментари за нејзината тежина. Габори ги „згази“ своите „хејтери“ со твитот на годината:
„За сите оние кои пишуваат злобни коментари за моите слики од Златниот глобус, бидете сигурни дека синоќа се отепав од плачење поради тоа на мојот приватен авион додека се упатував кон мојата работа од соништата.“
10. Ема Ватсон даде прекрасен говор за родовите стереотипи пред ОН
Младата Ема изнесе прекрасен говор за еднаквоста на половите на едно заседание на Обединетите нации, поттикнувајќи ги и мажите да се залагаат за оваа еднаквост. Таа зборуваше за тоа како мажите се присилени да глумат мачо-мени и да ги сокриваат своите чувства што резултира со депресија и самоубиства. Потоа таа ја започна кампањата #HeForShe, повикувајќи ги луѓето да преземат акција против насилството и дискриминацијата на жените.