20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè - Part 4

20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè

16. Оазата Хуакачина, Перу

20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè

Ова е село изградено околу убава оаза и е опкружено со пустина. Според локалните жители, калта околу езерото во средината има лекувачки моќи.

17. Пловечко рибарско село во Халонг Беј, Виетнам

20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè

Рибарското село наречено Куа Ван е едно од најголемите пловечки села во светот. Локалните жители се рибари и нема куќи на копното одоколу, само пловечки куќи во морето. Овде има и училишта и центри за активности.

18. Водопадите Игуазу, Бразил

20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè

Овие водопади се наоѓаат на границата помеѓу Аргентина и Бразил. Заедно ја создаваат најголемата мрежа водопади во светот. Според една локална легенда, еден бог сакал да се венча со некоја девојка која го предала. За да ѝ се одмазди, тој ја пресекол реката на половина за да ја спречи да биде со својот сакан.

19. Темни грмушки, Северна Ирска

20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè

Ова е магична улица на која има неверојатни дрвја. Дрвјата растат врз патот и прават да изгледа како тунел. Патот најмногу е познат бидејќи беше локација за снимање на серијата „Игра на тронови“.

20. Националниот парк Торес дел паине, Чиле

20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè

Овој парк е комбинација од убави планини, реки, езера, водопади и глечери. Овој рај на Земјата е најголемиот и најпосетениот парк во Чиле. Секоја година го посетуваат околу 252.000 посетители.

Погледнете и кои се најевтините дестинации во Европа за викенд патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар