20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“

20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“

Што да им купите на „минималистите“ кои велат дека ништо не сакаат, ниту им треба – а всушност ви препорачуваат да не трошите пари на подароци кои ќе им создаваат неред или ќе им собираат прашина? Ако барате совршен подарок за вашите пријатели или најблиски, можеби овие идеи ќе ве инспирираат.

20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“

Резервирајте им авантура

Подарок во вид на доживувачко искуство е одлична идеја. Размислете за скијање, јавање, возење со хеликоптер или прошетка со чамец. Овие подароци можат да им помогнат да дознаат нови работи за местото или градот што го посетуваат.

Набавете им влезници

Влезници за концерт, филм или претстава се одлични подароци за минималистите. Тоа може да биде културно случување, прошетки, спортски игри и слично. Купете две карти и ова нека биде ваше заедничко искуство.

Дарувајте им го своето време

Закажете состанок со нив, и изнесете ги на кафе или филм. Може да биде и попладневна прошетка во паркот или само разговор преку телефон.

Помогнете им да закопаат во своето минато

Услугите кои нудат ДНК тестирање помагаат да проверите од каде потекнувате. Со ова може да ја откриете историјата, минатото и етничката припадност, како и да направите семејно стебло.

Дарувајте семе за нови билки

Љубителите на билките и градинарството ќе го ценат семето. Можете да најдете секакви видови семиња онлајн, па дури и можете да направите цела корпа со разни семиња за зеленчук, цвеќиња и билки.

Дарувајте претплата на некоја онлајн услуга

Тука мислиме на услуги како што се Нетфликс, или ХБО, па дури и Амазон Прајм. Сепак не ги занемарувајте и годишните членства во локалните музеи, зоолошки градини, ботанички градини и други културни институции.

Пратете цвеќе

Посетете ја локалната цвеќара за едноставен цветен аранжман, или пратете цвеќе преку достава.

Запишете ги за некое предавање

Многумина сакаат да научат да свират на некој музички инструмент, или да земат часови по танцување, фотографија, креативно пишување или готвење. Вложете во нивната креативна или професионална иднина со плаќање на предавање. Дури и ако се занимавале со тоа хоби, добро е да се усовршат.

Подарете им нешто за јадење или пиење

Шише добро вино или ликер, кутија убави чоколатца или добро сирење се подароци кои секогаш се ценат, а не заземаат многу простор во домот. Можете да бидете креативни и да направите ваши колачиња или џемови.

Дарувајте им картичка

Некои мислат дека картичките може да бидат безлични, но картичките за ручек во омилениот ресторан и слично може да биде прекрасен персонализиран подарок.

Донирајте во нивната омилена хуманитарна организација

Ако вашиот пријател е филантроп, направете донација во неговата омилена организација. Одете чекор подалеку и волонтирајте во некој проект кој му значи.

Почестете ги со вкусен оброк

Организирајте вечера кај вас дома и згответе нешто, или заедно излезете на вечера. Ќе се поврзете за работи кои ги сакате.

Пратете ги на прошетка за храна и пиење

Без разлика дали се работи за пивница или фабрика за чоколада, ќе биде интересно но и поучно.

Организирајте им достава на грицки

Имате пријател кој сака грицки? Договорете да им се доставуваат дома – редовна достава со која ќе се сети на вас секогаш кога ќе им стигне пакет.

Организирајте забава кај вас дома

За забава дома не треба многу, ама осигурете се дека имате доволно пијалаци.

Направете дигитална фото-книга

Направете персонализиран видеозапис и ставете го на ЦД. Скенирајте и некои испринтани слики и направете видео или фото колаж.

Купете им веб домен

Имате пријател кој се обидува да започне бизнис? Купете му веб адреса, и потоа сменете го сопственикот на нивниот имејл.

Подарете им електронска или аудио книга

Електронските книги или аудио книгите се одлични подароци за оние кои сакаат да имаат библиотека на својот електричен уред. Амазон овозможува да купите е-книги.

Дарувајте им ги своите услуги

Платете им за маникир или масажа. За тоа време, понудете се да им го исчистите станот, прошетате кучето или да им ги чувате децата. Може да ги чувате децата и цел викенд, доколку се нови родители.

Прочитајте и за овие 8 ретро подароци кои сè уште треба да ги подаруваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар