20 интересни факти за Мерлин Монро

20 интересни факти за Мерлин Монро

Помина повеќе од половина век од мистериозната смрт на актерката Мерлин Монро, жена која стана вистинска легенда и стандард за убавина и сексуалност.

Сепак, секој факт од нејзината биографија и секоја ретка фотографија на убавицата сè уште предизвикува јавен интерес! Прочитајте ги 20-те интересни детали од животот на главната русокоса од 20 век за кои можеби не сте знаеле.

20 интересни факти за Мерлин Монро

1. Речиси целото богатство на Мерлин Монро по нејзината смрт му припаднало на блискиот пријател на дивата Ли Стразберг.

2. Оваа најпозната русокоса од дваесеттиот век сакала да чита! Нејзината лична библиотека имала над 400 книги. Актерката се чувствувала инфериорно затоа што не завршила училиште, па се трудела да ги надополни знаењата.

3. И покрај нејзините облини, Мерлин јадела многу малку. Другите актерки постојано забележувале дека таа може да го помине денот само со една чаша сок од портокал.

4. Првата верзија од нејзиниот псевдоним бил Џин Адер, но легендарната русокоса во последен момент одлучила да го избере именувањето Мерлин Монро.

5. Мерлин била првата жена на насловната страница на магазинот Плејбој!

6. Имало дури 11 обиди за посвојување на малата Норма Џин, но секојпат посвоителите ја враќале во сиропиталиштето.

7. Во последните три години од животот Мерлин имала вештачки „парафински“ гради (силиконските импланти не биле достапни во тоа време). А на почетокот од нејзината кариера, пластичните хирурзи ги коригирале и формата на нејзината брада и носот.

8. Кога филмска ѕвезда сакала да помине незабележано на улиците од градот, таа носела темна перика и позирала како Зелда Зорк.

9. Според извештаите на очевидци, Монро честопати била збунета, понекогаш заборавајќи некои зборови. Само за една сцена со актерката, биле снимени од 20 до 40 кадри.

10. IQ-то на легендарната актерка било 168. Оваа бројка е многу повисока од просечната. Сепак, стереотипната слика за „глупавата русокоса“ ја прогонувала цел живот.

11. И покрај песната „Diamonds are the girl’s best friend“, самата Мерлин била рамнодушна кон скапиот накит, а нејзината колекција била многу скромна.

12. Монро сакала да готви, а нејзините пријатели велеле дека актерката е одлична готвачка.

13. Мерлин имала своја продуцентска компанија, Marilyn Monroe Productions (која, за жал, создала само еден филм – „Принцот и танчарот“ (1957). Монро била една од првите жени во историјата што основала своја продуцентска компанија.

14. Мерлин се преобратила во Јудаизам за да се омажи за својот трет сопруг Артур Милер.

15. Иако се заљубувала во грди мажи, сè уште се чувствувала инфериорно.

16. Кога била дете таа постојано била силувана од згрижувачот во семејството Монро.

17. Мерлин цел живот сонувала да создаде семејство и да стане мајка. Таа била голем љубител на децата. Обидот да има дете со Артур Милер завршил со абортус.

18. Монро пелтечела, но со упорност ја надминала оваа маана.

19. За погребот на Мерлин бил избран бледо зелен фустан од „Pucci“.

20. Мерлин Монро имала последна желба која сакала да ѝ ја исполни Џо Димаџио. Таа побарала од бејзбол играчот, тој секоја недела да носи цвеќе на нејзиниот гроб, во случај актерката прерано да почине. Десетина црвени рози секоја недела биле поставувани на гробот на Мерлин, цели 20 години.

Можеби сакате да прочитате и за неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

  1. Kris Reply

    Joe Dimaggio bil bejzbol igrac, a ne bokser.

Остави коментар