Претходно
18 знаци дека треба веднаш да заминете на одмор
Ако мислите дека можете да почекате до летото за да заминете на одмор, присуството на овие знаци ќе ве издаде и ќе ви покаже дека одмор ви е потребен веднаш за да се рестартирате.
1. Притискате „снуз“ на алармот наутро и по неколку пати
2. Во последните месеци немате никаква мотивација да почнете да вежбате
3. Кожата повторно ви е бледа како да не видела сонце долго време
4. Едвај паметите што беше тоа топло време
5. Животот ви е толку здодевен што не сте ставиле интересни слики на Фејсбук веќе неколку месеци
6. Колегите ви велат дека ви е потребен одмор
7. Одамна не сте се пијанеле
8. Веќе две години работите на истото работно место и сè уште не сте зеле одмор
9. Сите ваши пријатели имаат партнери, само вие сте сингл
10. Костимот за капење веќе ви фатил прашина
11. Очилата за сонце ви служат само за украс
12. Не паметите кога последен пат сте се напиле некој егзотичен коктел
13. По малку сте ја запоставиле личната хигиена затоа што некои работи не се гледаат под облеката
14. Зајдисонца гледате само на интернет и на телевизија
15. Се плашите дека сте заборавиле како да пливате
16. По цел ден пиете кафе за да ја победите дремката
17. Одамна не сте се напиле чашка алкохол со појадокот
18. Куферите ви служат само како подвижен орман за складирање облека
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.