18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

Мислите дека животот во Барселона не би ви бил убав? Прочитајте ги овие причини предложени од локалните жители на овој град и размислете уште еднаш.

18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

1. Има медитеранска клима

Медитеранската клима која владее во Барселона носи постојано сино небо, благи и кратки зими и жешки лета. Кога локалните жители велат дека времето е студено во јануари или февруари тоа значи дека температурите се пониски од летните, но и понатаму има сонце.

2. Улиците се задоволство за пешаците

Тротоарите се широки, насекаде има клупи за одмор и дрвја кои прават сенка. Познатата улица Ла Рамбла е рај за пешаците и еден од симболите на градот.

3. Градот е рај и за велосипедистите

Одличната клима, само малкуте нерамнини и внимателноста на архитектите го прават овој град погоден за велосипедистите. Велосипедските патеки секогаш биле во мислите на оние кои го граделе градот.

4. Има одличен јавен сообраќаен систем

Ако не ви се пешачи ниту ви се вози велосипед, во Барселона пак не ви е неопходен автомобил. Градот има неверојатно развиен и евтин јавен сообраќаен систем.

5. Фиеста

Таму секоја вечер е добро време за фиеста, но она вистинското се случува при крајот на летото кога маалата во Барселона се претвораат во место за 24-часовни улични забави. Цело маало е убаво украсено во традиционален стил, а луѓето излегуваат на улица каде што се дружат, пијат и танцуваат.

18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

6. Има плажи во центарот на градот

Оние кои работат во центарот на градот имаат доволно време да направат пикник на некоја од плажите кои се наоѓаат во близина пред одморени да се вратат на работа.

7. Во близина има уште поубави плажи

Недалеку од градот има одлични песочни плажи, многу барови на плажите и многу забава.

8. Евтино пиво

Едно евро е доволно за да купите пиво од уличен продавач. Нив ги има буквално секаде, од парковите, преку плажите, па сè до тротоарите.

9. Некои делови од градот имаат мирен селски шмек

Селата кои ја опкружуваат оваа метропола веќе се спојуваат со градот, но и понатаму се трудат да си го задржат стариот дух. Во некои од нив локалците сè уште говорат за „одење во Барселона“ кога треба да излезат од нивниот кварт.

10. Имаат празник на слатките

Едно од тие села кои веќе се дел од градот е Грасија. Она што тие си го имаат зачувано од традицијата е празникот на слатките кој се одржува на 3 март секоја година. На тој ден луѓето парадираат на отворени автобуси или коњи и фрлаат слатки на толпата која ги следи отстрана. Луѓето си носат чадори со нив, но наместо за одбрана тие ги користат за собирање слатки така што ги обрнуваат наопаку.

18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

11. Пинг-понгот е право на сите

Градот е полн со маси за играње пинг-понг. Сè што ви треба е палка и противник.

12. Архитектурата на Гауди

Не се политичарите тие кои решаваат што ќе се гради во Барселона, а што не, туку архитектите и уметниците. Антонио Гауди е човекот кој има оставено најсилен печат врз преубавиот магичен изглед на овој град.

13. Има многу плоштади

Ако тие се вашето омилено место за собирање и забава, Барселона е полна со мали и големи плоштади. Тие се исполнети со кафулиња и ресторани со големи тераси.

14. Тибидабо

Од која било точка на градот можете да ја видите црквата на планината Тибидабо, а навечер е величествено осветлена. Веднаш до неа има и голем забавен парк.

18 причини за веднаш да се преселите во Барселона

15. Бројни културни настани

Во Барселона има толку многу различни културни настани што никогаш нема да успеете да посетите од сите по малку. Меѓу другото се одржуваат и бројни каталонски традиции како градење човечки кули, артисти кои вртат огнови над нивните глави и луѓе маскирани како огромни кукли кои шетаат низ градот.

16. Имаат алтернатива на Свети Валентин

Каталонците на 23 април го слават денот на Сант Жорди, празник на кој момчињата на девојките им подаруваат роза, а девојките ним им возвраќаат со книга. И овој празник денес веќе е многу комерцијализиран.

17. Фудбалскиот клуб

За локалците е „повеќе од клуб“ затоа што е симбол на нивната борба за независност и секој натпревар на клубот е посебен настан во градот.

18. Одлична кујна

Во Барселона ќе најдете сè што е убаво од шпанската и каталонската кујна. Има многу голем број ресторани, а дел од нив важат и за некои од најдобрите во цел свет. Дури и поевтините ресторани нудат многу вкусна храна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар