18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието
7. Избегнете губење на обетките
Доколку сакате да имате уредна кутија за накит и не сакате да губите време барајќи ја изгубената обетка којашто планирате да ја носите утре на работа, можете едноставно да ги чувате паровите обетки на едно копче. Со овој едноставен трик, тие секогаш ќе бидат една до друга.
6. Темелно исчистете ги тенџерињата
Може да ги искористите мрежичките во коишто се продава овошјето и зеленчукот за да ги исчистите дамките од металните тенџериња, без да ги оштетите и изгребете.
5. Како да спречите губење на ситни предмети
Можете да користите ЛЕГО коцки за да направите одлични држачи за ситни работи низ домот. Така на пример, можете да закачите едно подолго парче на некое погодно место, со помош на лепак или магнет и да ги прикачите ситните предмети за него коишто постојано ги губите низ домот.
4. Спречете свеќите да прават дамки на масата
Дали сте знаеле дека можете да подготвите романтична вечера, дури и ако немате држачи за свеќи низ домот? Доколку свеќите можат самостојно да стојат, можете да ги ставите во силиконски калапи за колачи, а тие ќе спречат капење на восок на масата. Интересно е да се спомне и дека восокот не се лепи за силиконот, па без мака ќе ги измиете калапите после употребата.
3. Отстранете го електрицитетот од алиштата
Овој чуден метод во суштина, функционира одлично. Сè што треба да направите е да прикачите безопасна игла на внатрешната страна од облеката.
2. Едноставен трик за домот да ви мириса на кафе
Доколку запалите свеќа во садови полни со зрна кафе, тие ќе се загреат и ќе создадат пријатен мирис на кафе во просторијата.
1. Набрзина и лесно пресечете варени јајца
Навистина е тешко да се пресечат варени јајца со нож, бидејќи тие речиси секојпат се дробат на ситни парчиња. Дури и ако користите специјален секач за јајца сепак морате секое јајце поединечно да го сечете, а тоа не е баш брзо и погодно решение кога се подготвувате за големи прослави. Затоа, доколку сакате да исечете повеќе јајца одеднаш, сè што ви е потребно е решетка за скара.
Ако оваа содржина ви беше интересна, може да ги прочитате и овие 25 летни проекти за подобро расположение, коишто можете да ги направите сами.