18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Дали сте знаеле дека копчињата не се наменети само за облека, сламките не се наменети само за пиење на вашиот омилен пијалак, а калапите за колачиња имаат многу повеќе функции од држење и печење на вашите слатки? Ако се сомневате дека тоа е возможно, тогаш продолжете со читање и дознајте ги следниве 18 секојдневни трикови, кои ќе ви докажат дека буквално секој предмет што постои, има повеќе од една примена.

18. Спречете го лизгањето на облеката од закачалките

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Некои типови облека многу често се лизгаат од закачалките во плакарот. За да го спречите лизгање на вашата омилена блуза од закачалката којашто тукушто сте ја испеглале, сè што треба да сторите е да прикачите гумени ластичиња, како што е прикажано на фотографијата погоре. Ластичињата поставени на овој начин ќе имаат улога на преграда, којашто ќе го спречува здодевното лизгање.

17. Затворете кеса со сламки за пиење

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Доколку сакате брзо и ефикасно да затворите веќе отворена кеса за грицки, сè што ви е потребно се две сламки и малку креативност. Најпрво земете една сламка и завиткајте ја ќесата околу неа по должина. Потоа земете уште една сламка, пресечете ја попреку и навлечете ја одозгора врз првата сламка.

16. Едноставен начин да го најдете крајот од селотејпот

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Селотејпот ни е потребен секојпат кога сакаме да залепиме некој пакет и навистина е фрустрирачки доколку се брзаме, а не можеме да го најдеме крајчето каде што бил последен пат пресечен. За да го избегнете тоа, едноставно закачете една спојница за хартија на тоа место, па следниот пат кога ќе го користите ќе бидете многу благодарни што сте го примениле овој трик.

15. Практично складирање на пластичните кеси

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Картонските и пластичните кутии од хартиени и влажни марамчиња исто така можат да добијат нов живот и да се реупотребат за нешто друго. Така на пример, тие се одлично место за складирање на вашите пластични кеси. Згора на тоа, можете да користите повеќе кутии за различни видови кеси.

14. Едноставно складирање на шнолите за коса

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Навистина нема подобра идеја од тоа да ги чувате тенките шноли за коса во пакување од Тик Так бонбончиња. Ова пластично кутиче секогаш ќе ги чува на безбедно за да не се загубат и воедно е многу лесно да ги извадите од него.

Триковите продолжуваат на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар