18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија - Part 6

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

16. Одете по Патот на великаните во Северна Ирска

Патот на великаните во Северна Ирска, составен од шестоаголни базалти (магматски карпи, потврди од гранитот) е една од најголемите атракции во Обединетото Кралство. Без разлика дали мислите дека одите по чекорите на некој митски јунак, или пак ова е само геолошко чудо, Патот на великаните вреди да се посети. Брегот го одзема здивот, а прошетката по карпите претставува вистинско освежување.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

17. Посетете го центарот Титаник Белфаст

Една од најновите атракции во Велика Британија е центарот Титаник во Белфаст, Северна Ирска, сместен на местото каде што бил изграден и самиот брод. Тука посетителите се запознаваат со целата приказна околу Титаник – изградбата, потонувањето и пронаоѓањето на жртвите.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

18. Уживајте во ноќниот живот во Њукасл

Ноќниот живот во Њукасл е легендарен! Припремете се за многу алкохол, играње и малку облека. За тука не ви се потребни џемпери и палта, коктелите и одличната атмосфера се доволни да ве загреат и опуштат.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар