18 цитати за семејството кои ќе ве потсетат зошто бескрајно ги сакате овие луѓе

18 цитати за семејството кои ќе ве потсетат зошто бескрајно ги сакате овие луѓе

Луѓето со кои се опкружувате, оние кои ве поддржуваат во секоја ситуација, се навистина бесценети. Токму поради ова треба да го цените секој момент кој можете да го поминете со вашите сакани, односно со вашето семејство. Дури и ако е само викенд и гледате телевизија со татко ви или пак сте се собрале на ручек, навистина сте благословени што се покрај вас.

(1)18-citati-za-semejstvoto-koi-kje-vi-pokazhat-zoshto-beskrajno-gi-sakate-ovie-lugje-kafepauza.mk

Секоја секунда помината со вашето семејство е посебна. Овие цитати ќе ви покажат зошто бескрајно го сакате вашето семејство и покрај сите проблеми и несогласувања. Сигурно дека членовите знаат дека ги сакате, но нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да ги потсетувате.

(2)18-citati-za-semejstvoto-koi-kje-vi-pokazhat-zoshto-beskrajno-gi-sakate-ovie-lugje-kafepauza.mk

„Кога го сакате она што го имате, имате сè што ви е потребно.“ – Непознат автор

„Семејството не е дефинирано само по презимето или крвта, тоа е дефинирано според посветеноста и љубовта. Ова значи да бидете таму кога сте потребни најмногу. Ова значи да се грижите еден за друг. Ова значи да се сакате едни со други дури и во оние денови кога не можете да се поднесете. Ова значи никогаш да не се откажете едни од други.“ – Дејв Вилис

„Семејство. Малку лудо, малку гласно, но секогаш полно со љубов.“ – Непознат автор

„Охана значи семејство. Семејство значи дека никој не е изоставен или заборавен.“ – Лило и Стич (Lilo & Stitch)

„Семејство – најголемиот благослов во животот. Група што сонува, се смее, си игра и се сака заедно. Оние на кои секогаш можеш да се потпреш. Секогаш овде, не само во добрите моменти. Најскапоцениот дар.“ – Непознат автор

„Не е важно она што го имаме во животот, туку кој го имаме.“ – Џ. М. Лоренс

(3)18-citati-za-semejstvoto-koi-kje-vi-pokazhat-zoshto-beskrajno-gi-sakate-ovie-lugje-kafepauza.mk

„Најдобрите нешта во животот се луѓето што ги сакаме, местата кои што сме ги посетиле и сеќавањата што сме ги создале по патот.“ – Непознат автор

„Семејство, како гранки на дрво, сите растеме во разни насоки, но нашите корења остануваат едно.“ – непознат автор

„Љубовта на семејството е најголемиот благослов во животот.“ – Ева Буроус

„Кога се имаме едни со други, имаме сè.“

„Семејство. Каде што животот почнува, а љубовта никогаш не завршува.“ – Непознат автор

„Сакајте го вашето семејство. Поминувајте време со него, бидете добри и служете се. Не правете простор за зажалување. Утре не е ветено, а денес трае кратко.“ – Непознат автор

(4)18-citati-za-semejstvoto-koi-kje-vi-pokazhat-zoshto-beskrajno-gi-sakate-ovie-lugje-kafepauza.mk

„Ти си мојот дом.“ – Непознат автор

„Пронајди го своето племе. Сакај го со целото срце.“ – Непознат автор

„Дома е каде што се моите лудаци.“ – Непознат автор

„Кога те гледам, можам да го почувствувам тоа. Кога те гледам, јас сум дома.“ – Барајќи го Немо (Finding Nemo)

„Ова е моето семејство. Самиот си го најдов. Мало е и има проблеми. Но сепак е добро. Да, сепак е добро.“ – Лило и Стич

„Семејството е како музика. Неколку високи тонови, неколку ниски, но секогаш убава песна.“ – Непознат автор

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ве потсетат дека семејството е најважно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар