16 причини поради кои Норвешка е една од најубавите земји во светот

16 причини поради кои Норвешка е една од најубавите земји во светот

Норвешка е без сомнеж една од најубавите држави на Земјата. Природни богатства, убави градови, среќни и фини жители и фасцинантна историја. Па ако досега не била на вашиот список за шетање, следниве факти и фотографии сигурно ќе ве убедат дека токму Норвешка е вистински избор за следна дестинација.

(1)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

1. Норвешка е навистина едно од најсреќните места во светот

Базирано на истражување направено во преку 150 земји од страна на Обединети нации, во кое се земени предвид повеќе фактори, меѓу кои здравјето, слободата и сл., Норвешка во 2013 година се нашла на второто место во Светскиот извештај за среќата.

2. Норвешка е многу безбедно место

Криминалната стапка и стапките на убиства и одење во затвор се многу ниски во Норвешка, што е сосема поддржано од фактот дека Норвежаните се среќни луѓе.

3. Постои закон кој се вика Јавно право

Овој закон на Норвежаните им дозволува да престојуваат (на пр. да кампуваат) на која било земјена површина која не се обработува или, пак, да планинарат секаде каде што ќе посакаат.

4. Тролтунга (Јазикот на тролот) е совршеното место за фотографирање

(2)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

5. Исто така и Кјерагболтен

(3)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

6. Дури и населените места се покриени со големи површини зеленило

Самиот главен град на Норвешка, Осло, е прекриен со зелени површини.

(4)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

7. Тврдината Фредрикстад се смета за античка земја на чудата

Овој стар град се смета за еден од најубавите и најдобро зачуваните стари градови во Скандинавија.

(5)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

8. Норвешките фјордови

Фјордовите се долги, тесни и длабоки влезови на морето кои се наоѓаат помеѓу високи карпи, а Норвешките фјордови се едни од највоодушевувачките за истражување.

(6)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

9. Норвешка се смета за родно место на скијањето како спорт

Зборот скија доаѓа од старонордискиот јазик и во буквален превод значи расцепување на парче дрво. Во Норвешка може да се скија и во лето.

10. Норвешка има повеќе езера од Финска

Финска е позната како Земјата со 1.000 езера, а има повеќе од 60.000 езера. Но Норвешка всушност има неколку стотици илјади езера кои се преубави. Најдлабоко е Хорниндалсватнет.

(7)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

11. Овој поглед е од врвот на планината Флојен во Берген

На врвот може да се искачите со жичарата Флоибанен, а загарантиран ви е прекрасен поглед.

(8)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

12. Можете да ги видите Северните светла (Northern Lights)

Познати под името aurora borealis или поларна светлина, северните светла може да се видат само над одредени делови на Земјата, меѓу кои и Скандинавските земји. Тие се движат по небото во секакви облици и даваат изглед на магична светлина која изгледа како да танцува над вас. Неверојатно искуство кое вреди многу.

(9)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

13. Норвешка е дом на диви елени и поларни мечки

14. Национален пијалак во Норвешка е Аквавит

Ова е силен алкохолен пијалак направен од компири и билки кој Норвежаните го конзумираат заедно со пиво.

(10)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

15. Градот Олесунд е прекрасен и преку ден и навечер

(11)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk(12)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

16. Во Норвешка има 240.000 острови

Има повеќе вода отколку што можете некогаш да препловите и повеќе земја отколку што кога било би можеле да пропешачите.

(13)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk

Дали се премисливте?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар