16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

Тие се супер жени и не постои нешто за што не се способни. Бидејќи наближува денот на мајката, ајде да се потсетиме макар на дел од работите поради кои нашите мајки се неверојатни.

16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

1. Готви одлично и нејзината храна е највкусна

Сè додека не пораснеме и не се одделиме од домот, како на пример поради студирање во друг град, нема да сфатиме колку е прекрасна храната на мама и колку ни фали кога ја нема. Можеби се мрштевте пред супата од брокули и сè што посакувавте беше порција пржени компирчиња, но сега знаете дека кујната на вашата мајка е свето место каде се приготвуваат највкусните јадења. И секако, ни еден ресторан не се грижи да ни обезбеди толку витамини во една порција ручек.

2. Воглавно е во право за голем број нешта

Од совети за љубовни врски до совети за фризури или гардероба, како што растеме сфаќаме дека мајките едноставно биле во право.

3. Забавно е да се зборува со неа

Настрана од лудите години кога ја сметавте за вонземјанин кој не го разбира вашиот начин на живот, сега сфаќате дека вашата мајка е интересна личност и дека кога и двете сте опуштени, може да ви биде многу забавно.

16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

4. Знае премногу за водењето на едно домаќинство

Кога ќе се навратите низ годините и кога ќе ви текне макар на третина од сите нешта за кои мајка ви е способна, сфаќате дека треба да ѝ биде врачена диплома за доктор на науки. Вашата мајка ќе се погрижи тогаш кога ќе се осамостоите и ќе почнете да живеете одделно, вашето живеалиште да стане топол дом.

5. Знае да испрати луди пораки

Тоа што не умее да се носи со најновата технологија на ироничен начин ја прави најкул личност на цел свет. Знае да испрати по некоја луда порака и секогаш ве засмеваат нејзините повици за помош при раководење со некоја компјутерска програма.

6. Таа е служба за изгубено и најдено во вашиот дом

Едноставно на некој магичен начин знае што барате и каде е тоа што го барате.

7. Ги слушала вашите проблеми и ви дала непроценливи совети

Ја ислушала вашата „љубовна драма“ од градинка, а ви дала непроценливи совети за љубовта во средно. Никогаш не е без зборови, секогаш знае што да каже и како да ве утеши, а нејзините зборови секогаш допираат до срцето.

16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

8. Поради одлуките што ги направила додека сте растеле…

Ве израснала во она што сте денес. Зборовите се излишни.

9. Знае кога да ве мавне со вистината по чело

Таа не е другарка која сака да ве теши, таа се грижи за вашата иднина и ќе ве натера да се соочите со вистината, па колку и да била сурова.

10. Вложила време и пари на секое ваше детско хоби

Сте барале часови по танц или свирење гитара? Иако биле свесни дека можеби нема да станете светски прваци, вашите мајки без збор вложувале во вас.

11. Секогаш ќе биде тука за вас

Вие сте нејзино дете, без разлика колку сте возрасни. Секогаш е подготвена да го згазне под нозе оној кој ќе ве повреди.

12. Затоа што не е Ејми од „Злобни девојки“

И многу сме благодарни поради тоа.
16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

13. Знае да биде многу кул

Да бидеме искрени, вашата мајка, со добро друштво и одредена доза алкохол, може да биде позабавна од која било комедија помножена со 100.

14. Затоа што ве трпела 24/7

Може да си замислите колку сте ја нервирале на моменти, колку сте биле фрустрирачки дури и неподносливо размазени во некои ситуации? Таа ве трпела.

15. Воопшто не била гадлива кога станува збор за вас

Чистела по вас и видела сè и сешто кога сте биле мали. Ја пробувала храната за вас, ви менувала пелени, и што уште не.

16. Во реалноста таа е многу повеќе од мајка

Кога бевте мали ја викавте „мамо“ и според вас нејзината професија едноставно беше мајка. Кога пораснавте сфативте колку била присутна на многу други полиња во животот и дека едноставно е експерт за мултитаскинг. Сега кога подобро ќе размислите, сфаќате дека треба да ѝ симнете капа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. zaratustra Reply

    Bravo za avtorot

Остави коментар